Македонија
ДУИ ја одбележа 20-годишнината од воениот конфликт
Демократската Унија за Интеграција денеска во Липково го одбележа крајот на воениот конфликт од 2001 година.
Активностите почнаа на гробиштата на борците во селото Слупчане, каде пристигна лидерот на ДУИ, Али Ахмети придружуван од министри и пратеници од ДУИ.
Ахмети пред присутните порача дека ДУИ досега постигнале многу, но потребно е уште многу да биде направено за, како што вели, да се остварат идеалите на многу генерации во земјата и на загинатите во конфликтот.
![]()
„Пред нас имаме големи одговорности, мора да ги оствариме сите соништа на хероите и паднатите борци. Постигнавме многу, но пред нас има уште многу работа. Нашите напори, нашата посветеност никогаш нема да запрат во реализирањето на идеалите на сите генерации кои се жртвуваа и работеа за подобри и посветли денови, затоа не само на оваа годишнина, туку и во секој момент ние се сеќаваме на сите тие генерации, се сеќаваме на сите кои се бореа и паднаа, со цел нивните дела да не бидат закочени, туку да се материјализираат како што им доликува“, изјави Ахмети.
Тој го постави камен темелникот на Спомен кулата што ќе се гради во знак на сеќавање на мајките кои ја поддржале ОНА.
![]()
„Овој споменик се гради во спомен на мајките на целата општина Липково, жените, нашите сестри. Ние не ја изгубивме војната пред противниците што ги имавме, тука ја изгубивме војната со нашите мајки, сестри и жени бидејќи не сакаа да излезат од рововите и покрај нашите молитви и ултиматуми, тие го дадоа најавтентичниот пример за мајката Албанка која што историски се борела за слобода, правда и еднаквост, затоа овој споменик им е посветен токму на нив“, рече Ахмети.
Ахмети додаде дека спомен кулата ќе биде готова до 28 ноември.
(Обновено)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

