Свет
(Видео) Пукање во седиштето на ЦИА, агенти отвориле оган врз вооружен напаѓач
Во седиштето на американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) во Вирџинија бил отворен оган врз вооружен напаѓач кој се појавил на платото пред главниот влез на агенцијата.
Во соопштението на ФБИ се наведува дека осомничениот излегол од својот автомобил, вооружен околу 18 часот, поради што агентите на ФБИ отвориле оган и го раниле, пренесува АП.
Напаѓачот, кој досега не бил идентификуван, бил повреден и однесен во локалната болница, а за неговата состојба сè уште нема информации.
„Го анализираме овој инцидент и ќе се обидеме да донесеме конкретни заклучоци што е можно поскоро“, се вели во соопштението на ФБИ.
Како што пренесуваат медиумите, агентите на ФБИ пукале кон возачот.
„ФБИ истражува пукање кон агент што се случи во понеделник, 3 мај, околу 18 часот по локално време. Едно лице вклучено во инцидентот пред седиштето на ЦИА излезе од автомобил со оружје и почна пресметка со службеници за спроведување на законот“, се потенцира во соопштението.
Ен-би-сСи објави дека членовите на ЦИА се обиделе да преговараат со напаѓачот, но тој одбил да го напушти комплексот, по што полицајците се обиделе физички да го отстранат автомобилот од портата. Возачот потоа излегол од автомобилот, држејќи огнено оружје и тврдејќи дека има експлозив со себе.
Извори за Ен-би-си изјавија дека постои можност напаѓачот да имал проблеми со менталното здравје и дека претходно се обидел да влезе во комплексот на седиштето на ЦИА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Европа
Снежната бура остави без струја околу 33.000 домаќинства во Франција
Околу 33.000 домаќинства останаа без струја вчера во Франција, главно во Нормандија и долж реката Лоара на запад, поради бурата Каетано што го зафати регионот, соопшти компанијата „Енедис“, која управува со електричната мрежа.
„Во 13 часот 33.000 домаќинства останаа без струја“, соопшти мрежата, додавајќи дека најпогодени домаќинства се во Нормандија (15.000 домаќинства) и околу реката Лоара (12.000 домаќинства).
Невремето предизвика прекини на многу сообраќајни правци, а влијаеше и на железничкиот сообраќај.
Мобилизирани се 2.200 техничари за да ги отстранат нарушувањата и да обезбедат електрична енергија, по налетот на бурата што предизвика врнежи од снег и брзина на ветер до 130 километри на час.
Свет
Близу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади
Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права.
УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се зголемува бројот на цивилни жртви, пренесува Ал Џезира.
Исто така, се вели дека 90 отсто од населението, околу 1,9 милиони луѓе се внатрешно раселени и дека многу од нив морале да се преселат 10 или повеќе пати, бегајќи од израелските напади.