Македонија
Едштадлер: Немам разбирање за намерата на некои земји да го блокираат вашиот стремеж за евроинтеграција
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денес беше домаќин на сојузната министерка за Европа и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер, во рамките на нејзината возвратна посета на Скопје.
Димитров се заблагодари за активниот посреднички пристап на Австрија во обезбедувањето вакцини за регионот преку механизмите на ЕУ, што резултираше со склучување на трипартитниот договор помеѓу Северна Македонија, Австрија и „ Фајзер/Бионтек“ за набавка на повеќе од 119.000 дози вакцини, како цврст доказ за нејзината посветеност на нашиот регион.
Во пресрет на состанокот на Советот за општи работи, соговорниците се согласија дека е потребно придвижување на евроинтегративниот процес на целиот Западен Балкан заради обезбедување предвидливост на европската перспектива.
Во тој контекст, Димитров истакна дека случајот на Северна Македонија е без преседан и е тест за кредибилитетот и влијанието на ЕУ, но и за нејзините постулати како заедница на вредности, поради што неодложно треба да се спроведе минатогодишната безусловна одлука за почеток на пристапни преговори.
Од австриска страна, министерката Едштадлер го потврди ставот дека Северна Македонија ги исполни сите критериуми за почеток на пристапните преговори со ЕУ.
„Сакам јасно да кажам дека немам разбирање за тоа некои земји овде да ги блокираат стремежите на евроинтеграцијата, немам разбирање за тоа овој процес да биде запрен и конкретно, да има отпор од Бугарија. Јас имам целосна поддршка и целосна доверба во португалското претседателство и јас пред неколку недели бев таму, тука треба да продолжиме натаму и сакам уште во Северна Македонија да апелирам да останете до крај, да се обидете овие проблеми да ги решите. Не ја знам целата приказна за историјата на Бугарија, но исто така знам што значи да се занимавате со минатото. Јас во политиката сум како министерка за Европа активно, затоа што гледам перспектива и сакам да отворам перспектива за иднината“, рече таа.
„Јас ја разбирам ситуацијата на Северна Македонија, но исто така стојам на страната на Европа и стојам на страната на Северна Македонија кога сакам да докажам дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан ќе продолжи, ние сакаме успехот да го продолжиме во однос на евроинтеграциите, не говорам за проширување туку за завршување на процесот на обликување на Западен Балкан. Северна Македонија припаѓа на Европа и оваа перспектива мора да се обнови и мора доверливоста во Европската Унија да се овозможи и да се врати“, дополни Едштадлер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

