Македонија
Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи синоќа Владата.
Со оваа одлука, полицискиот час наместо од 21 часот, ќе почнува од 23 часот и ќе трае до 5 часот наредниот ден.
„Соодветно на овие измени угостителските објекти ќе бидат отворени за гости до 22:30 часот, и тоа само на отворените делови, терасите на угостителските објекти, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи“, соопшти владината прес-служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителите се сретнаа со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Јавниот обвинител и тимот обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите oд трагедијата.
Од Обвинителството по средбата соопштија дека семејствата биле информирани за досегашниот тек на истражната постапка.
„Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан“, велат од Обвинителството.
На семејствата им била најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес.
Македонија
Тошковски ќе се сретне со семејствата на загинатите во Кочани, Мицевски вели: Нема простор за политичко профитерство

Денес на 46-тата собраниска седница, каде се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски, на собраниската говорница се обрати и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
,,Побарав процедурално бидејќи сакав накратко да се обратам до сите пратеници, но и до целата македонска јавност. Нема да ги дозволиме политичките профитери од опозицијата да ја злоупотребат, вулгализираат и да ја пренесат на улица трагедијата во Кочани и да си поигруваат со тажната судбина на овие луѓе“, изјави Мицевски.
Тој истакна и дека единственото решение е институционално и брзо решавање на случајот и ја информираше јавноста дека денес министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе ги прими семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани.
,,Единственото решение е институционално и брзо решавање на овој случај. За тоа работиме, за тоа се залагаме. Се’ останато е политичко некрофилство. Имено, ја информирам јавноста и вас пратениците дека министерот за внатрешни Панче Тошковски во 14:30 часот во министерството ќе ги прими и ќе оствари средба со семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани. Од овие причини, барам 1 час пауза. А потоа ќе продолжиме со работа по интерпелацијата, за која што очигледно не ви е гајле, бидејќи тој што ја поднесе, прв замина и не е присутен на оваа пленарна седница“, прецизираше Мицевски.
Македонија
Граѓаните кои имаат сведоштва и докази за работењето на „Пулс“ да ги споделат со истрагата, повика Обвинителството

Јавното обвинителство упатува отворен повик до сите кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот „Пулс“ – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.
Имајќи ги предвид законските рокови и потребата од ефикасност на постапката, на веб страницата на Јавното обвинителство (www.jorm.gov.mk) e објавен формулар со чие пополнување тие можат да се пријават за да достават податоци и информации кои сметаат дека се релевантни за истрагата. Пополнетиот формулар потребно е да се испрати електронски на следната наменска адреса: [email protected]
Врз основа на формуларот и релевантноста на податоците подносителите ќе бидат контактирани од истражниот тим.
Обвинителството информираше и дека обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во дискотеката „Пулс” продолжува интензивно да презема дејствија на распити и вештачења од кои најголем дел од прелиминарните резултати се очекуваат во следните неколку дена.
Во истрагата се ангажирани максимални капацитети од сите истражни органи и се вклучени десетици стручни лица од различни области.