Црна хроника
118 санкционирани возачи во Скопје, 30 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (4.5.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон и 39 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник од Скопско истепан од негов соученик, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје, 53-годишниот Д.С. од село Љубанци, скопско, пријавил дека околу 11.00 часот во основно училиште во село Љубанци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од локален пат во Струшко: меѓу повредените и малолетник

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Струга е пријавено дека на први мај околу 13.00 часот на локалниот пат за село Горна Белица, струшко, патничко возило „нисан терано“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(50) од село Долна Белица, струшко, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка К.Џ.(45) од с.Долна Белица, а со телесни повреди се здобиле возачот, сопатничката М.Џ.(54) и еден малолетник, двајцата од с.Долна Белица, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Прегазена жена во Кочани, со тешки повреди пренесена во болница во Штип

Вчера во 09.11 часот во Полициската станица Кочани е пријавено дека на улицата „Глигор Апостолов-Гочо“ во Кочани, патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.Х.(56), удрило во пешакот Т.М.(46), двајцата од Кочани.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.М., констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.