Спорт
Солскјер: Мора да ги чуеме навивачите
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ги коментира протестите пред „Олд Трафорд“ поради кои беше одложено дербито со Ливерпул. Истакна дека го почитува мислењето на навивачите, но смета дека сепак овој пат ситуацијата излезе од контрола.
„Мора да го чуеме гласот на навивачите, сите имаат право да учествуваат, но на цивилизиран начин. Кога насилно ќе влезете во стадионот и кога ќе повредите полицајци, тоа е премногу. Кога работите ќе излезат од контрола – тоа е казниво дело и веќе нема врска со изразувањето на мислењето“, рече Норвежанецот.
Фановите на „црвените ѓаволи“ бараат сопствениците на клубот – семејството Глејзер – да си одат од Јунајтед, но Американците сакаат да останат и да го подобрат односот со навивачите.
„Не треба да се биде паметен за да се види дека имаме предизвици што мораме да ги решиме. Веќе почнавме комуникација со навивачите, што ќе биде голем чекор напред во иднина. Мора да сме обединети“, вели Солскјер.
Сѐ уште не е познато кога ќе се одигра одложениот меч со Ливерпул, но затоа утре Манчестер во Рим ќе ги одмери силите против Рома во реванш-полуфиналниот дуел од ЛЕ.
Момците на Солскјер со една нога се на финалето во Гдањск затоа што во првиот меч победија со убедливи 6-2.
Јунајтед нема трофеј откако норвешкиот стратег е на кормилото – од крајот на 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити и Њукасл се во полуфиналето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити и Њукасл изборија пласман во полуфиналето на Лига куот.
Сити на домашен терен го победи Брентфорд со 3:0. Стрелци за тимот на Пеп Гвардиола беа Рајан Шерки во 32-та минута и Савињо во 67-та.
Францускиот фудбалер, овогодишно засилување од Лион, ја потврди својата класа. Посебно внимание заслужува голот што го постигна: откако ја прими топката веднаш надвор од шеснаесетникот, се ослободи противникот, а потоа испрати „ракета“ во голот на гостите.
Францускиот фудбалер на тој начин го најави пласманот на Сити во полуфиналето на натпреварувањето за прв пат од 2021 година, кога „граѓаните“ го кренаа пехарот.
Потврдата за триумфот и пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Лига купот дојде во 67-та минута кога со малку среќа погоди Савињо.
Њукасл во драматичен меч го победи Фулам со 2:1. Јоан Виса постигна гол за „страчките“ во 10-та минута, но шест минути подцна изедначи Лукиќ.
„Мирисаше“ на пенали во дождливиот Њукасл, но Мајли со глава во втората минута од судиското продолжение му ја донесе победата на домашниот тим.
Покрај Сити и Њукасл, во фазата Топ 4 се пласираше и Челзи, додека наредниот вторник ќе играат Арсенал – Кристал Палас.
Полуфиналето на Лига Купот се игра во два натпревари.
Спорт
(Видео) Атлети и Реал поминаа на „мускули“, Виљареал и Селта испаднаа од Купот на Кралот
Фудбалерите на Атлетико и Реал Мадрид се провлекоа во осминафиналето на Купот на Кралот, додека од ова натпреварување испаднаа Виљареал и Селта.
Атлетико, победи со 3:2 кај членот на Четвртата лига, Атлетико Балеари, а Реал со ист резултат победи кај Талавера. Виљареал загуби во Снатандер, од Расин со 2:1, а Селта доживеа елиминација од Албасете, по изведувањето пенали.
Атлетико Мадрид во првите 20 минути постигна два гола, преку Гризман и Распадори и тука застана. Домаќинот намали во првиот дел, а потоа имаше и неколку добри шанси за 2:2. Кога Гризман постигна гол се чинеше дека е се решено, но екипата од Балерати доби пенал во 80-та минута, Мусо успеа да одбрани, потоа Аргентинецот имеше една брилијантна интервенција. Во 90-та минута, Балеарите добија уште еден пенал, а Kејта ги постави кончните 2:3.
Сличен меч одгра и Реал, Мбапе погоди за 0:1, а потоа Фарандо постигна автогол за 0:2. Аројо намали на 10 минути до крајот, Мбапе постигна гол во 88-та минута. Во следниот напад Талавера не доби пенал, а Ди Ренцо во 91-та минута намали на 2:3. Продолженија спречи голманот Луни со брилијанта интервенција во 93-та минута.
Расинг во целост го надигра Виљареал, тим кој се наоѓа на третото место во Примера. Арана влезе во натпреварот „наоштрен“ и практично му донесе победа на својот тим со два гола во шестата и 28-та минута.
Виљареал го постигна единствениот гол во 86-та минута кога Перез постигна гол.
Селта доживеа ѓок во Албасете во 93-та минута кога домашниот тим изедначи на 2:2. Во прдолженијата немаше голови, а во пенал серијата, Албасете постигна три, а Селта ниту еден гол. Пеналите не ги реализираа Мингеса, Алварез и Јаго Аспас.
Спорт
(Видео) Голманот Сафонов апсолутен херој, ПСЖ го освои Интерконтинеталниот куп
Фудбалерите на ПСЖ го освоија Интерконтинеталниот куп. Во Ал Рајан, европскиот првак го победи шампионот на Јуѓна Америка, Фламенго, по избедувањето пенали. Натпреварот по 120 минути заврши 1:1, а пенал серијата ја добија „светците“ со 2:1.
Рускиот голман Матвеј Сафонов, му го донесе на ПСЖ трофејот. По пенал серијата одбрани четири од петте обиди на играчите на Фламенго.
Откако Де ла Круз погоди во првата серија, Сафонов потоа ги одбрани ударите на Саул Нигез, Педро и Лео Переира, Луис Араухо.
Не блескаа ниту играчите на ПСЖ, Витња и Нуно Мендеш погодија во првата и третата серија, а Роси ги одбрани пеналите на Дембеле и Баркола.
Во регуларниот дел стрелци беа Кварацхелија во 38-та минута за ПСЖ и Њоргињо во 62-та од пенал за Фламенго.
Foto/ depositphotos

