Македонија
Толковниот речник на македонскиот јазик достапен и во електронска верзија
Премиерот Зоран Заев денеска ја промовира дигиталната платформа makedonski.gov.mk, на која е поставен Толковниот речник на македонскиот јазик на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ со над 100 илјади зборови.
Според него, makedonski.gov.mk е веб-платформа за негување на македонскиот јазик, која Владата, како што рече, ја промовира точно на денот на македонскиот јазик во рамките на Програмата за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.
„На веб-платформата, на која е поставен Толковниот речник на македонскиот јазик со над 100 илјади зборови, набргу ќе биде поставен со истите можности на интерактивност и Правописот на македонскиот јазик, со што го подигаме степенот на дигитализација на правописот на начин каков што беше предвидено уште во првичната идеја. Дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик им стои на располагање на сите што сакаат да го користат македонскиот јазик, граѓаните на Северна Македонија, нашите сонародници од севкупната македонска дијаспора и другите заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет“, рече премиерот.
Ова, како што истакна премиерот, ќе овозможи да си го негуваме јазикот, но и да го проучуваме подобро и побргу од кога било.
Според него, во наредната фаза планирана е и надградба на веб-платформата со можност за автоматизирано поврзување на сите што сакаат да го користат Толковниот речник за развивање на свои софтвери и апликации. Со други зборови, како што информира, Владата ќе им ги стави дигиталниот материјал и кодот на Толковниот речник на располагање на истражувачите, компаниите и на програмерите што развиваат софтвери за да може да креираат корисни апликации, кои ќе ја олеснат употребата на македонскиот јазик, ќе ја направат поинтересна и ќе придонесат во развојот на јазикот.
„Огромно е значењето на Толковниот речник за македонскиот народ. Тој претставува историско научно остварување со кој се потврдува дека Македонците се народ со богата лексика, со долга јазична традиција и многу богато лексичко наследство, кое не може да се оспори“, истакна Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

