Европа
Велика Британија и Франција на работ на конфликт, Макрон испрати воен брод во Ла Манш

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати воен брод на островот Џерси во Ла Манш во момент кога таму е присутна британската Кралска морнарица која испрати два брода затоа што околу 100 француски рибарски бродови го блокираа пристаништето поради новите риболовни регулативи по брегзит.
Британските бродови се вооружени со топови и митралези и патролираат по каналот откако Париз вчера предупреди дека може да ја исклучи електричната енергија на островот – кој главно се снабдува со подводен кабел.
Ваквиот развој на настаните се случи откако Џерси минатата недела одлучи да им издаде риболовни дозволи на француските бродови според новиот систем, односно дека имале право на риболов дури и пред брегзит, пренесува Би-би-си. Француски рибари, кои тврдат дека неправедно се ограничени нивните права, најавија протестна блокада со бродови на пристаништето Сент Хелиер.
Does Macron really believe that this show boating sabre rattling opportunity will raise his diminishing popularity? Pathetic @talkRADIO @Iromg
French war ship sent to Jersey ‘at full speed’ as Normandy official warns ‘Ready for war!’ https://t.co/weEAgDj7J7— Pam Spreckers (@pamsprex) May 6, 2021
По тоа соопштение, британскиот премиер Борис Џонсон донесе одлука за распоредување патролни бродови. Сведоците изброија 100 мали пловни објекти во водата утрово, а француските рибари запалија факели и кренаа транспаренти со кои бараа непречен пристап до водите.
Џош Диринг, рибар од островот Џерси, вели дека бил вчудовиден од сцените, велејќи дека сцените околу пристаништето Сент Хелиер изгледале како инвазија.
Дејвид Селам, шеф на морнарицата на Нормандија и Бретања, рече дека верува оти Џерси презеде екстремен потег со кој сака да го намали пристапот на Франција до риболов и профитира од брегзит.
Тој рече:
„Подготвени сме за војна. Доколку е потребно, можеме Џерси да го фрлиме на колена!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски ја предупреди Европа: „Ако Украина падне, овие земји се следните цели на Москва“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, честитајќи ѝ го Денот на независноста на Естонија, предупреди дека земјите со поголемо население од руско потекло би можеле да станат следна цел на Москва.
Како што наведува, најопасниот момент се случува кога источноевропските земји имаат население со „руски корени“ – не затоа што тие луѓе претставуваат закана, туку затоа што Кремљ би можел да ја искористи нивната безбедност како изговор за инвазија.
Тој ги наведе Полска, Словачка, Латвија, Молдавија и Естонија меѓу потенцијално загрозените земји, потсетувајќи на слично сценарио од 2014 година кога Русија го анектираше Крим и започна инвазија на Донбас, пишува „Скај Њуз“.
„На почетокот тврдеа дека не ги окупираат нашите територии, туку го бранат рускиот народ“, рече Зеленски, нагласувајќи дека во случај на пораз на Украина, сите горенаведени земји би можеле да бидат изложени на ризик поради руската политика и концептот на „рускиот свет“.
Зборувајќи за иднината по три години војна, украинскиот претседател изрази надеж дека конфликтот ќе заврши оваа година, а не за три. Тој ја истакна важноста на безбедносните гаранции за да се спречи враќањето на руските сили.
„Ако ги притискаме, ги вратиме на нивната територија и ако Украина стане членка на ЕУ и НАТО, тоа многу ќе ни помогне. Мислам дека тогаш нема да се вратат – ќе имаме силна армија, силни сојузници и силно единство“, заклучи Зеленски.
Европа
Поранешниот фудбалер Месут Озил влегува во политиката

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Реал Мадрид, Месут Озил, влезе во политиката. Пензионираниот германски играч за врска (36) е назначен во Централниот комитет за одлучување и управување на АКП, партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Озил, кој има турско потекло, беше критикуван во текот на неговата фудбалска кариера поради врските со Ердоган. Тој се повлече од германската репрезентација во 2018 година, откако фотографијата на која се среќава со турскиот претседател предизвика бура од реакции.
Рајнхард Гриндел, кој во тоа време беше на чело на Германскиот фудбалски сојуз, ги обвини играчите дека му дозволуваат на Ердоган да ги „експлоатира“ за политички цели. Некои германски политичари ја доведуваа во прашање лојалноста на Озил кон Германија, сугерирајќи дека тој треба да биде отстранет од репрезентацијата пред Светското првенство во 2018 година, Озил им одговори, обвинувајќи ги дека се расисти.
Поранешниот фудбалер се ожени летото 2019 година, а на свадбата гостин беше Ердоган. Ердоган е на чело на Турција повеќе од две децении – како премиер од 2003 година и претседател од 2014 година. Неговите критичари велат дека тој ја претвори Турција во автократија и ги поткопа човековите права.
Озил, кој го освои Светското првенство со Германија во 2014 година, го напушти Арсенал во турски Фенербахче во 2021 година, пред да се пресели во Истанбул Башакшехир во 2022 година, каде што се пензионираше една година подоцна.
Европа
Путин го нападна Киев само неколку часа по средбата на Трамп и Макрон: тревога низ целата земја, Полска ги подигна авионите

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин прави се за да ја прекине војната во Украина, неговите сили го нападнаа Киев.
Русија ја гаѓаше украинската престолнина од воздух, повредувајќи една 44-годишна жена и оштетувајќи неколку куќи, според украинските власти.
Overnight, Putin’s forces attacked Ukraine with drones and cruise missiles, forcing Poland to launch its combat aircraft.
In Sumy, two Russian drones struck a busy residential area, injuring civilians. Kyiv Region was also hit. pic.twitter.com/nRCsUUEz1f
— KyivPost (@KyivPost) February 25, 2025
Целосниот опсег на нападот не беше веднаш јасен, но соседната членка на НАТО, Полска, ги подигна авионите за да обезбеди безбедност на воздухот.
Полски воени авиони рано утринава го прелетаа воздушниот простор на земјата за да ја зголеми безбедноста, откако Русија изврши воздушни напади врз Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
„Преземените чекори се насочени кон обезбедување сигурност во регионите кои граничат со загрозените области“, соопшти Командата, пренесе Ројтерс.
Вонредна состојба претходно беше прогласена на целата територија на Украина.