Свет
Русија ја регистрира вакцината „спутник лајт“: се дава една доза, ефикасна е против новите видови

Еднокомпонентната вакцина против коронавирусот „спутник лајт“ е регистрирана во Русија, а нејзината ефикасност е 79,4 проценти. Тоа е повеќе отколку кај многу вакцини во две дози, објави Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).
„Министерството за здравство на Русија, Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија ‘Гамалеја’ и РФПИ објавуваат дека е регистрирана еднокомпонентната вакцина против коронавирусот, ‘спутник лајт’. Ефикасноста на еднокомпонентната вакцина е 79,4 проценти од 28. ден по имунизацијата. Стапката на ефикасност од околу 80 проценти ја надминува стапката на ефикасност на многу вакцини за кои се потребни две дози“, се вели во соопштението.
Според лабораториското истражување на центарот „Гамалеја“, вакцината „спутник лајт“ е ефикасна против сите нови видови коронавирус, се додава во соопштението на Фондот.
„Не се регистрирани сериозни несакани ефекти по имунизацијата со вакцината ‘спутник лајт’“, се наведува во соопштението.
Вакцината „спутник лајт“ е првата компонента на вакцината „спутник В“ – рекомбинантен аденовирусен вектор кој користи човечки серотип 26 (Ad26).
„Спутник лајт“ не бара посебни услови за складирање и логистика, а цената е прифатлива – помалку од 10 долари, пренесува „Спутник“.
Режимот на единечна доза овозможува голем број луѓе да се вакцинираат за кратко време.
Шефот на РФПИ, Кирил Дмитријев, посочи дека „спутник В“ останува главно средство за вакцинација против корона во Русија, додека еднокомпонентната вакцина „спутник лајт“ ќе се извезува во странство.
Рускиот фонд објавува дека првата доза на вакцина „спутник В“ ширум светот ја примиле повеќе од 20 милиони луѓе до 5 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Авион на „Рајанер“ удри во ограда на грчки аеродром, оштетено крилото

Авион „боинг 737 MAX 8-200“ на „Рајанер“ претрпел оштетување на врвот на десното крило кога удрил во заштитна ограда при движењето на аеродром во Грција. Нема повредени патници или членови на екипажот, а авионот оттогаш е вратен во употреба.
Летот „ФР6080“ на „Рајанер“ полетал од аеродромот „Станстед“ во Лондон вчера во 9 часот наутро. Иако патниците пријавиле дека доживеале турбуленции за време на летот, авионот безбедно слета на меѓународниот аеродром „Каламата“ во 14.24 часот по локално време.
Ryanair flight FR6080 Right winglet hit a fence at Kalamata airport in Greece during taxiing after landing.
The Boeing 737 aircraft had arrived from London Stansted when the incident happened.
Ryanair spokesperson said the aircraft had landed safely, but as it taxied, “the… pic.twitter.com/4cKoHi5Pk8
— FL360aero (@fl360aero) June 19, 2025
По слетувањето на јужната писта, авионот скршнал од пистата кон платформата. За време на движењето неговото десно крило удрило во црвено-бела заштитна ограда и застанало. Фотографиите објавени на интернет покажуваат дека долниот дел од закрилата виси лабаво, делумно одвоен од остатокот од структурата.
Свет
Ирански нуклеарен научник убиен во напад во Техеран, тврдат израелските медиуми

Ирански нуклеарен научник е убиен во напад во Техеран, објавија израелските медиуми.
Нападот, според државната телевизија „Кан“ и други локални извори, се случил во иранската престолнина.
Ни Техеран ни Тел Авив сè уште официјално не ги коментирал тврдењата, но Израел и претходно, за време на конфликтот, нападна нуклеарни научници.
Свет
Макрон: Нападите врз цивилите и инфраструктурата мора да престанат, Иран мора да се врати на преговорите

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нападите врз цивили и цивилна инфраструктура во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран мора да престанат.
Макрон ја даде изјавата пред новинарите по пристигнувањето на аеромитинг во близина на Париз.
„Франција со денови има јасна и едноставна позиција: нема оправдување за напади врз енергетски објекти и цивили“, рече Макрон.
Тој додаде дека Иран мора да ја покаже својата подготвеност да се врати на преговарачката маса.