Спорт
Во Реал стравуваат дека уморниот Зидан е подготвен да си замине

Во соблекувалната на Реал Мадрид стравуваат дека Зинедин Зидан нема да биде на чело на тимот следната сезона бидејќи Французинот е подготвен да си замине пред последната година од неговиот договор, тврди порталот Goal.
Според нивните информации од шпанската престолнина, консензусот е дека времето на Зидан е при крај и дека Зидан е уморен од работите што не се под негова контрола. По недостигот на трансфери во текот на летото, тука беа и низата повреди, бурниот календар, фијаското со европската Суперлига и редовните критики што ги добиваше тој.
По разочарувачката елиминација од Челси во Лигата на шампоните, се верува дека Зидан веќе не може да смета и на поддршката на големите имиња во клубот, од кои, на пример, Марсело и Иско се разочарани од маргинализацијата.
Претседателот Флорентино Перез се надева дека ќе го убеди Зидан да остане барем уште 12 месеци, но најверојатно ова зависи од засилувањата што Реал ќе успее да ги донесе во текот на летото со Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен како прва цел на Зидан подолго време.
Кој би можел да го замени? Една опција е легендата Раул, кој сега е тренер на Б-тимот на Кастилја, од каде што пристигна и самиот Зидан. Друга опција е Јоаким Лев, кој си заминува од германската репрезентација по ЕП, како и Масимилјано Алегри, кој подолго време е без работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трап се врати во Париз, ќе брани за новиот прволигаш, а потоа ќе стане заштитно лице на Луј Витон

Новиот француски фудбалски прволигаш Париз го ангажираше искусниот германски голман, 35-годишниот Кевин Трап, поранешен член на Ајнтрахт Франкфурт, со кого потпиша тригодишен договор. Париз за Траш плати 1.000.000 евра.
Познато е дека мнозинските сопственици на Париз, семејството Арно, имаат речиси неограничени финансиски можности и ќе инвестираат уште повеќе во иднина, но овој пат употребија мал трик во преговорите за Кевин Трап.
Имено, Трап е голем љубител на модата, негова сопруга е бразилската манекенка Изабел Гулар, која моментално живее во Париз.
Затоа претставници на клубот од главниот град на Франција дојдоа кај Трап со многу интересен предлог, дојди и биди наш голман, а по завршувањето на кариерата можеш да бидеш лице на брендот Луј Витон.
Познатата модна куќа е во сопственост на семејството Арно.
За Трап ова ќе биде враќање во главниот град на Франција бидејќи од 2015 до 2018 година беше член на ПСЖ, со кого освои две титули во Лига 1 и два Купа.
Во текот на својата кариера, Трап одигра и девет натпревари за германската репрезентација, а најголем успех во клупската кариера му беше освојувањето на Лигата на Европа со Ајнтрахт во 2022 година.
Спорт
Бејли од Астон Вила во Рома

Репрезентативецот на Јамајка, Лион Бејли ќе ја помине следната сезона во Рома како позајмен играч од Астон Вила. Клубот од Рим соопшти дека има право да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.
Бејли играше за Генк и Баер Леверкузен пред да и се приклучи на Астон Вила во 2021 година. Минатата сезона, 28-годишникот одигра 38 натпревари и постигна два гола за Вила.
Бејли, кој одигра 39 натпревари за јамајканската репрезентација и постигна седум гола, ќе го носи дресот со број 31 во Рома.
Првиот натпревар на Рома во Серија А е закажан за сабота во 20:45 часот, кога ќе ја пречека Болоња на Олимпискиот стадион во Рим.
Foto/ AS Roma
Спорт
Фабио го собори рекордот на Питер Шилтон

Голманот на Флуминензе, Фабио, го сруши рекордот на Англичанецот Питер Шилтон според бројот на одиграни натпревари во професионалниот фудбал
Фабио (44), синоќа го одигра 1.391 натпревар во кариерата.
Тој бранеше за Флуминензе против колумбискиот клуб Америка де Кали (2:0) во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана.
Бразилскиот голман го сруши рекордот на Шилтон, кој, според Гинисовата книга на рекорди, бранел во 1.390 натпревари.
Кариерата на Шилтон (75) траеше од 1966 до 1997 година.
Фабио дебитираше во 1997 година за Униао Бандеиранте. Потоа бранеше за Атлетико Паранаенсе, Васко де Гама, Крузеиро, а од 2022 година е член на Флуминенсе.
„Големо е задоволството да се постигне овој рекорд во дресот на Флуминенсе. Сега е време да се продолжи со играње и да се стремиме кон нови достигнувања во следните натпревари“, рече Фабио.
Muitas e muitas homenagens ao ser humano que mais disputou partidas de futebol na história da humanidade.
📸: Marcelo Gonçalves/FFC pic.twitter.com/y2YIeOT3ui
— Fluminense F.C. (@FluminenseFC) August 20, 2025