Вести
Лавров: САД му се извинија на Асад за нападот врз сириската армија
САД му се извинија на сирискиот претседател Башар ал-Асад за воздушниот напад на антитерористичката коалиција предводена од Вашингтон врз сириските владини сили кај Деир-ез-Зор во кој беа убиени 62 сириски војници, изјави за руската телевизија во саботата рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Борбени авиони на коалицијата предводена од САД на 17-ти септември навлегоа во сирискиот воздушен простор од Ирак и извршија четири напади врз сириските владини сили кои во тој момент биле во опсада на борците на екстремната сунитска група Исламска држава, во близина на градот Деир-ез-Зор. Притоа загинаа 62 сириски војници, а стотина беа ранети и уништени уште 20 парчиња воена техника.
Пентагон изрази жалење за нападот, тврдејќи дека коалицијата била уверена дека напаѓа позиции на Исламската држава, кои ги следеле неколку дена. Меѓутоа, официјален Дамаск посочува дека веднаш по бомбардирањето во коешто учествувале австралиски и канадски борбени авиони, џихадистите започнале со жестока офанзива врз позициите на сириската војска.
„Ситуацијата (со воздушниот удар) е помалку чудна. Му кажав на американскиот државен секретар Џон Кери, а потоа и на средбата на Меѓународната група за поддршка на Сирија, дека ситуацијата во Деир-ез-Зор за разлика од ситуацијата во Алепо, каде што линијата на конфронтација постојано се менува, е статична веќе две години“, истакна Лавров.
Појасни дека во посочената област сириската војска и цивили се во опкружување на Исламската држава, и оти руските авиони како и Обединетите нации, редовно со падобрани испорачуваат хуманитарна помош.
„Тоа се добро познати факти. Тешко е да се поверува дека разузнавачите на коалицијата водена од САД, која дејствува против Исламската држава на целата територија на Сирија, можеле да измешаат кои сили каде се наоѓаат. Иако јас не сакам да обвинувам кого и да е за ништо“, додаде Лавров./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.