Спорт
Мерцедес покажaа заби во Шпанија – Хамилтон пред Ботас, Ферстапен само деветти

Ако минатата трка во Португалија не беше доволен показател, Мерцедес уште еднаш покажа дека ќе биде многу тешко да се симне од тронот оваа сезона откако Луис Хамилтон постави најдобро време на вториот тренинг пред Шпанското ГП пред својот колега Валтери Ботас (кој беше прв во првата сесија), а главниот ривал Макс Ферстапен во Ред бул беше само на деветтото место.
Хамилтон постави најдобар круг од 1:18.170, за 0.139 секунди побрз од Ботас по што неочекувано на третото место беше Шарл Леклер во Ферари со 0,165 секунди заостанување. Во топ-5 беа и двајцата возачи на Алпине, Естебан Окон и Фернандо Алонсо.
Во топ-10 беа и Пјер Гасли (Алфа Таури), Јуки Цунода (Алфа Таури) и Карлос Саинс Јуниор (Ферари) по што следуваа двајцата возачи на Ред бул, Ферстапен и Серхио Перез.
FP2 CLASSIFICATION ?#SpanishGP ?? #F1 pic.twitter.com/2Njb6vRUvw
— Formula 1 (@F1) May 7, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ван Дајк: Не знам каде ќе играм следната сезона

Ливерпул, синоќа ја заврши сезната во Лигата на шампионите. „Црвените“ на пенали беа елиминирани во осминафиналето од ПСЖ.
По елиминацијата од Лигата на шампионите, новинарите го прашаа капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк дали ќе остане во клубот и по истекот на договорот ова лето.
„Честитки за ПСЖ, тие се најдобриот тим против кој сме играле оваа сезона. Заслугите одат кај тренерот Луис Енрике. Тој изгради многу добар тим“, изјави Холанѓанецот пред да зборува за својот статус во клубот. „Не знам што ќе се случи со мене следната сезона. Ако некој ви каже дека знае, ве лаже во лице. Дали мојот договор е на листата на чекање? Не. Јас секогаш го велам истото. Кога ќе има некакви вести ќе ве известам“.
Со Ливерпул Ван Дајк ја освои Лигата на шампионите во 2019 година, Премиер лигата во сезоната 2019/20, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА. Тој е во клубот од 2018 година и забележа 310 настапи и постигна 26 голови.
Неговиот договор со Ливерпул важи до 30. јуни оваа година. По натпреварот со ПСЖ, тој беше виден како разговара со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и спортскиот директор Луис Кампос. Некои навивачи претпоставуваа дека зборувале за потенцијалниот потпис на Ван Дијк за клубот од Париз.
Спорт
Пет натпревари суспензија за Анхел Кореа

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа ќе ги пропушти следните пет натпревари, беше потврдено денеска.
Кореа жестоко го навредуваше и пцуеше судијата на последниот меч против Хетафе, а денеска му беше потврдена суспензијата од пет натпревари. Казната за црвениот картон е еден натпревар, а за навредит што ги упати кон судијата доби дополнителни четири натпревари суспензија.
Бидејќи суспензијата важи и за натпреварите од Купот на кралот, Кореа прво ќе го пропушти првенствениот натпревар против Барса, а потоа и реваншот од полуфиналето на Купот на почетокот на април. Освен двата меча со Барселона, Кореа ќе ги пропушти и гостувањата против Еспањол и Севилја и на крајот дуелот со Ваљадолид на „Метрополитано“.
Анхел Кореа ќе се врати во тимот до 20 април кога Атлетико гостува кај Лас Палмас.
Спорт
Пјастри потпиша нов договор со Мекларен

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, потпиша нов повеќегодишен договор со Формула 1 тимот.
Австралискиот возач потпиша договор пред почетокот на сезоната 2023 година, а по само 15 трки, тој го продолжи договорот барем до крајот на 2026 година.
Минатата сезона ги забележа првите две победи и шест пати избори пласман на победничкит пиедестал.
Пјастри, во 2024 година, беше единствениот возач кој го заврши секој круг минатата година, завршувајќи ја сезоната на четвртото место во шампионатот, со што му помогна на Мекларен, прв пат по 1998 година, да го освои шампионатот за конструктори.
„Одлично е чувството да се знае дека сум дел од долгорочната визија на Мекларен. Тимот веруваше во мене кога потпишав во 2022 година и патувањето што го направивме во изминатите две сезони за да му помогнеме на Мекларен да се врати на самиот врв на спортот беше неверојатно“, рече Пјастре.
Новата сезона во Формула 1, во која Мекларен има највисоки можни амбиции, почнува следниот викенд во Мелбурн, со трката за ГН на Австралија.