Македонија
Мицкоски на средба со Кундурос: Власта ја внесе Македонија во здравствена и економска катастрофа
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со грчкиот амбасадор во Македонија, Русос Кундурос.
На средбата се разговаралo за актуелните случувања во Македонија, како и за членството на Македонија во Европската Унија, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски ги реафирмирал позициите за членство во ЕУ и истакнал дека Македонија е премногу долго надвор од европскиот пат.
Во однос на економската и здравствената состојба, Мицкоски посочи дека со оваа власт на земјата ѝ се случува катастрофа. Државата оди кон економски пропаст, граѓаните стануваат сѐ посиромашни, а помошта што ја нуди власта е недоволна и не е соодветна на потребите и проблемите што ги имаат граѓаните и бизнисите. Додаде дека многуте афери што секојдневно излегуваат докажуваат дека власта е високо корумпирана и длабоко вмешана во криминал, е напишано во соопштението.
„Мицкоски потенцира дека Владата не успеа доволно и навреме да ги заштити граѓаните за време на пандемијата и дека премногу се доцнеше со набавката на вакцини, а власта кога имаше можност да ги набави навреме, гледаше можност како да заработи од провизии, со што граѓаните останаа незаштитени, а нивните животи загрозени. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира и дека е потребно почитување на принципиелните ставови за идентитетските обележја и придобивки што ги промовира и самата Европската Унија“, стои во писмениот допис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.