Македонија
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа со граѓани од повеќе места
Во рамки на агендата на ВМРО-ДПМНЕ предвидена за претстојниот период насловена како “Пратениците со народот”, пратениците од опозициската партија се сретнаа со граѓани од повеќе населени места, со кои поразговараа за актуелните случувања во државата, секојдневните проблеми на граѓаните, како и во однос на политичката ситуација.
![]()
Пратениците Ане Лашкоска и Петар Ристески, заедно со претседателот на ОК Прилеп на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски ги посетија жителите на населените места Галичани, Мало Коњари и Големо Коњари, со кои поразговараа за нивните секојдневни проблеми, неисполнетите ветувања од страна на власта, проблемите во земјоделието и уште низа други проблеми кои ги засегаат луѓето од овој крај на Република Македонија, соопштија од партијата.
Како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, луѓето имаат големи потешкотии во земјоделието, бидејќи немаат никаква помош од државата за набавка на нова механизација со која ќе се олесни работата, а уште поголем проблем, велат тие е што нивните производи не можат да се продадат, бидејќи цената е премногу ниска и откупот не е загарантиран. Како еден од најголемите проблеми кои што се актуелни во изминатите месеци е законот за продажба на земјоделско земјиште, кое што како што велат жителите, не смее да се дозволи по никоја цена.
![]()
Жителите на населеното место Припор беа посетени од страна на пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска, со која ги споделија нивните и проблемите на населението во Припор. Жителите од ова населено место велат дека економската ситуација во државата никогаш не била полоша и понестабилна, што придонесува за несигурност на граѓаните, бидејќи голем дел од присутните се пожалија на изгубени работни места и немање извор за егзистенција. Покрај тоа, велат дека секојдневно се соочуваат со проблеми во јавното здравство, бидејќи не добиваат соодветен третман од здравствените установи поради лошите услови кои здравствените работници ги имаат насекаде низ државата. Сигурни се во желбата оваа ненародна власт да ја препушти државата на нови политичари, кои со искрена и чесна намера ќе сакаат да работат за доброто на граѓаните, наместо да манипулираат и лажат како моменталната гарнитура на власт.
![]()
Пратеничката Ангелина Петкова ги посети жителите на населеното место Миравци, општина Гевгелија. Жителите изразија огромно незадоволство поради лошото менаџирање на државата од страна на власта и поразите кои државата го доживува на дневно ниво во секој сегмент од општеството. Жителите велат дека крајно е несериозно и не е во ред тоа што министерката Царовска ги укинува учебниците и наметнува дигитализација и онаму каде што голем дел од семејствата немаат услови за набавка на компјутери и таблети. Исто така напоменаа дека се разочарани од страна на власта што го одбиле предлогот од страна на пратеничката Петкова за изградба и реконструкција на патот Прдејци – Смоквица, бидејќи е од круцијално значење на населението.
![]()
Пратеничката Даниела Христова ги посети жителите на населеното место Умлена, општина Пехчево. Тие велат дека се комплетно незадоволни од оваа ненародна власт, која според нив е најлошата во историјата на Република Македонија. Покрај националните понижувања кои македонскиот народ ги трпи поради нивните лоши политики, граѓаните се економски клекнати на колена и не можат да преживеат, ниту пак да заработат и за скромен живот. Покрај овие порази кои ги повредуваат како Македонци, велат дека власта ги заборавила и апсолутно ништо не сработила во нивното населено место, а патот за кој во неколку наврати им било ветено дека ќе биде направен, жителите го чистат и сами го поправаат, бидејќи како што велат немаат друга опција.
Пратеникот Миле Лефков заедно со претседателот на ОК Зрновци на ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев и градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков го посетија манастирот “Св.Тома’ кој се наоѓа во клисурата на Зрновска река. При посетата на манастирот остварија и средба со жителите околината и поразговараа за нивните проблеми, како и очекувањата од оваа ненародна власт предводена од Зоран Заев, која што како што велат не сторила ништо за нив во изминатите речиси пет години. Овие луѓе велат дека најмногу од се ги повредува фактот што како Македонци никогаш не биле повеќе обесправени и понижени и токму поради тоа не сакаат да дозволат Заев да продолжи да ја води државата. Посакуваат брз крај на оваа расипничка власт и градење и развивање на Република Македонија од почеток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

