Забава
Пирс Морган: Меган Маркл продолжува да ја експлоатира кралската титула

Поранешниот водител на „Добро утро, Британија“, Пирс Морган, повторно вeрбално ја нaпадна војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за користење на кралската титула војвотка од Сасекс во нејзината книга The Bench („Клупата“).
Морган (56) е гласен критичар на Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари, војводата од Сасекс, откако минатата година донесоа одлука да се повлечат од должностите како високи членови на кралското семејство.
Во неговата најнова колумна за „Мејл онлјн“, Пирс продолжува со своите критики кон војвотката, сега не му се допаѓа што таа ја користи кралската титула во нејзиниот најнов потфат – книга за деца, на чија корица стои името на авторот Меган, војвотка од Сасекс.
„Кога станува збор за камшикување со нејзината книга, кое име на автор го користи Меган Маркл?“, пишува тој во својата колумна. „Ах, секако: Меган, војвотката од Сасекс“.
„Да, таа продолжува цинично да ги експлоатира своите кралски титули затоа што знае дека тоа е единствената причина што некој ѝ плаќа огромни пари за да го публикува својот бренд на побожни измислици во документарци на ‘Нетфликс’, објави на ‘Спотифај’ или детски книги“.
„Се разбира, на нејзините еднакво цинични издавачи не им е нималку гајле за овој шокантен двоен стандард“.
Морган и претходно ги критикува Меган и Хари поради користење на нивните кралски титули во новите претприемачки потфати.
Меган, војвотката од Сасекс, следниот месец ќе објави детска книга за односот татко и син. Најавувајќи го своето дело минатиот вторник, Меган рече: The Bench почна како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи. Од таа песна никна оваа приказна.
Војводата и војвотката од Сасекс сега живеат во Калифорнија со својот син Арчи Маунтбатен-Виндзор и го чекаат раѓањето на второто дете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Ријана обожава да привлекува внимание, дури и во поодмината бременост

Познатата пејачка Ријана го очекува своето трето дете, но тоа не ја спречува сè уште да биде една од најсексипилните жени на јавната сцена.
Иако во последно време изненадува повеќе со провокативни фотографии за промоција на својата колекција, Ријана е сè уште една од омилените пејачки.
Овој пат, папараците ја фотографираа неа и нејзиниот партнер на пат кон ноќен клуб во Париз. Тие се потрудија да ги усогласат своите екстравагантни модни комбинации, а пејачката, во поодмината бременост, предизвика вистинска возбуда.
Ријана носеше црн фустан кој има прорезови по целата должина, па затоа нејзината долна облека беше целосно видлива, како и нејзиниот труднички стомак.
Овој пар привлекува внимание на секој чекор, а Ријана покажа во претходните бремености дека тоа воопшто не ја спречува да биде најпровокативната и најекстравагантна жена.
Забава
(Видео) Јелена Розга има нова песна – премиерно пред македонската публика ќе ја отпее во Охрид на 29 јули

Во прекрасниот парк на Галеријата Мештровиќ, на една од најубавите сцени на Медитеранот, викендов се одржа третиот по ред „Мелодии на Јадранот“, а најочекуваниот настап беше оној на Јелена Розга. Не е изненадување, со оглед на фактот дека претходните две фестивалски изданија ги донесоа едни од најубавите балади на Јелена, „Иди ти“ и сега веќе легендарната „Лавица“, една од најизведуваните песни во изминатата година.
Најновата „Зачарани круг“, создадена како уште еден успешен плод на тандемот Вјекослава и Тончи Хуљиќ, аранжирана од Лео Шкаро, ги освои срцата на сите присутни уште при првото слушање, а храброста и нежноста на жената испеана од силниот вокал на Јелена ни овој пат не оставија никого рамнодушен. Розга уште еднаш ја оправда титулата една од најголемите регионални музички ѕвезди.
„Посебна чест ми беше да пеам пред моите луѓе од Сплит, но и на овој простор и во ваква средина. Она што сега го очекувам е да ја гледам песната како расте во срцата на мојата публика, а потоа со нив да го споделам микрофонот. Тој маѓепсан круг на размена на енергија и љубов помеѓу мене и мојата публика сепак е нешто најубаво“, вели Јелена, која „Зачарани круг“ премиерно пред македонската публика ќе ја отпее на сцената на охридскиот Антички театар на 29 јули.
„Едвај чекам да дојде 29-ти јули. Возбудена сум, морници ме лазат кога ќе помислам дека ќе стојам на таа сцена. Многу пати сум била во Охрид, но овој пат ќе биде посебно. Прекрасен град, магична локација. Кога првпат го видов театарот, знаев – еден ден морам тука да настапам, и еве, тој ден доаѓа“, рече Розга при неодамнешната посета на Скопје.
Инаку, настапот на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид се најавува како концерт на летото – симфониски спектакл под отворено небо, исполнет со најголемите балади и енергичните хитови што ја одбележаа нејзината кариера. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, страст и беспрекорен настап во придружба на гудачки оркестар каков што само таа умее да понуди.
Забава
Почнете го денот со овие видови чај за детоксикација

Многу луѓе денот го почнуваат со кафе, но според нутриционистите и другите експерти за исхрана, постојат чаеви што можат да имаат подалекусежни ефекти – не само врз енергијата, туку и врз здравјето на желудникот и чувството на леснотија.
Некои билни чаеви ја стимулираат природната детоксикација на телото, го намалуваат задржувањето на течности и надуеноста, што заедно придонесува за рамен стомак.
Експертите за исхрана советуваат ваквите чаеви да се пијат на празен стомак за нивниот ефект да биде што е можно посилен и побрз. Важно е да се нагласи дека овие пијалоци не се чудотворци, но можат да бидат одличен додаток на здравите навики и балансираната исхрана.
Подолу се наведени трите најпрепорачани утрински чаеви за детоксикација и рамен стомак:
Зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданси, особено катехини, кои помагаат во забрзувањето на метаболизмот и согорувањето на мастите. Исто така, има благ диуретичен ефект, па може да помогне во намалувањето на задржувањето на водата и чувството на надуеност. Нутриционистите често го препорачуваат како замена за утринското кафе бидејќи обезбедува постепена енергија, без ненадејни скокови и падови. Редовното консумирање може да придонесе за помал струк и подобро варење. Најдобро е да се пие без шеќер и ароми, во што е можно поприродна форма.
Чај од ѓумбир
Ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни и дигестивни ефекти, а како утрински пијалок може да ја намали надуеноста и да ја забрза работата на цревата. Свежиот или сушен чај од ѓумбир ја стимулира циркулацијата и го загрева телото, што дополнително може да го забрза метаболизмот. Некои експерти го истакнуваат неговиот потенцијал за регулирање на нивото на шеќер во крвта, што може да помогне во контролата на апетитот во текот на денот. Покрај тоа, неговиот благо зачинет вкус е природно возбудлив. Може да се пие самостојно или со додавање лимон.
Чај од глуварче
Глуварчето е познато како природен диуретик кој го стимулира излачувањето на токсините преку бубрезите. Неговиот корен е особено поврзан со поддршка на функцијата на црниот дроб – клучен орган за детоксикација. Наутро, може да му помогне на телото да се „прочисти“ по ноќните метаболички процеси, а во исто време да ја намали надуеноста и задржувањето на течности.