Контакт

Вести

Израел ја продолжи офанзивата, САД продолжуваат да го снабдуваат со муниција, бројот на жртвите расте

Објавено пред

Израел во четвртокот навечер објави дека продолжува со офанзивата во палестинската енклава Појасот Газа тврдејќи дека од постигнувањето на клучната цел уништувањето на тунелите на исламистичкото движење Хамас, а САД продолжуваат да го снабдуваат со муниција иако претходно го осудија израелскиот напад врз училиште на ОН во Газа, американскиот државен секретар Џон Кери се надева на прекин на огнот а светската организација го обвини Израел дека свесно го крши меѓународното право.

dobivaj vesti na viber

Бројот на жртвите на во Појасот Газа се зголеми во четвртокот навечер на 1.395 мртви и повеќе од 8.100 ранети. Според податоците на УНИЦЕФ, меѓу загинатите има 245 деца.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во четвртокот дека Израел е одлучен, без оглед на напорите за постигнување мир, да го заврши уништувањето на подземните тунели коишто палестинското исламистичко движење Хамас ги користи за доставување оружја во Појасот Газа, како и за уфрлување на свои борци зад границата на неклвата со израелската територија.„Одлучни сме да ја довршиме таа мисија со примирје или без него. Нема да се согласам на ниеден предлог кој би ѝ оневозможувал на израелската армија да ја заврши оваа важна задача за безбедноста на Израел“, изјави Нетанјаху пред почетокот на седницата на неговата влада во Тел Авив. Командантот на израелските сили кои дејствуваат во Појасот Газа, генералот Сами Тургеман, претходно во средата изјави дека им се потребни уште „неколку дена за уништување на сите тунели“.Од друга страна, САД најголемите поддржувачи Израел потврдија дека продолжиле со снабдувањето на Израел со муниција, само неколку часа откако во средата навечер остро го осудија израелскиот напад на училиштето на Обединетите нации во Газа.Израелската армија побарала повторна испорака на 20-ти јули за да ги надополни намалените резерви, објави Пентагон. Американското министерство за одрана ја одобри продажбата три дена подоцна. „САД се обврза дека ќе ја гарантира безбедноста на Израел и клучно е за американските национални интереси да му се помага на Израел да ги развива и одржува капацитетите за самоодбрана посилни. Оваа продажба на оружје е во согласност со тие цели“, изјави Џон Кирби, портпарол на Пентагон во соопштение.Американскиот државен секретар Џон Кери, кој во четвртокот навечер престојуваше во посета на Индија, изјави дека сѐ уште се надева на прекин на огнот во Појасот Газам, но не сакаше да шпекулира кога до него би можело да дојде. „САД се надеваат дека до прекин на огнот, што поскоро тоа подобро“, изјави Кери кој својата посета на Њу Делхи ја посвети на кризата на Блискиот исток. Додаде дека е во постојан контакт со сите главни протагонисти на Блискиот исток со цел да се стави крај на судирите меѓу Израел и Хамас. Претходно во четвртокот воската комесарка за човекови права на ОН, Нави Пилај изјави дека Израел свесно го крши меѓународното право во воената офанзива во Газа и затоа светските сили мораа Израел да го повија на одговорност поради моќни воени злосторства. Пилај го осуди и Хамас, поради ракетирањето на израелската територија, понекогаш врз густо населени области, како и САД како главен израелски сојузник кој не прави ништо за да го искористи своето влијание за сопирање крвопролевањето. Агенцијата на ОН з апомош на палестинските бегалци – (UNWRA) ја обвини израелската армија дека „сериозно го крши меѓународното право“ по израелското бомбардирање на училиште во Газа во средата. Близу 180 илјади жители на палестинската енклава живеат во многу неизвесни околности во 83 училишта со кои управува UNWRA. „Ова е шести пат нашите училишта да се нападнати во израелските воздушни напади, претрупани сме со десетици илјади бегалци кои очекуваат помош“, изјави портпаролот на агенцијата, Крис Ганес. Ганес во изјава за панарапската сателитска телевизија Al Jazeera изјави дека „на Палестинците, дури и на децата, на големо им се ускратени правата, на страшен начин“, но од силните емоции не можеше да ја продолжи реченицата, туку го прекри лицето со рацете и заплака. Интернет во четвртокот беше преплавен со снимки и коментари на неговата емотивна реакција, кога зборуваше за состојбата во училиштата на ОН. Израел вината за смртта на цивилите ја префрла врз Хамас, кои како што тврди, со цивилите се служи како со „жив штит“. UNWRA, инаку, претходно во едно од своите соопштенија го осуди користењето на училиштата на ОН за криење оружје и муниција, но тврди дека тоа не е случај кога станува збор за училиштето во Џабалија.Главниот секретар Бан Ки-мун силно во средата го осуди нападот врз училиштето, изјавувајќи дека тоа е ужасно и неправедно и дека бара „одговорност и правда“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет45 минути

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет2 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет3 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет3 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет5 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет7 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија9 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет11 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет12 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет17 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет20 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет21 час

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет21 час

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет22 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет22 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет22 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија23 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет23 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет23 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...