Свет
Франција ѝ дала милиони евра на Организацијата за забрана на хемиското оружје за мисијата во Сирија

Франција придонесла со еден милион евра за поддршка на активностите на траст-фондот за мисиите во Сирија при Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ), пренесува „Ројтерс“.
Доброволниот прилог беше официјализиран во петокот од постојаниот претставник на Франција во ОПЦВ, Луи Васи, и генералниот директор на ОПЦВ, Фернандо Аријас, во седиштето на ОПЦВ во Хаг.
Минатиот месец на Сирија ѝ беше одземено правото на глас од страна на земјите членки на глобалното набљудувачко тело за хемиско оружје откога беше откриено дека нејзините сили постојано користеле отровен гас за време на граѓанската војна што избувна во 2011 година.
Сирискиот режим е обвинет за употреба на гасот сарин во Кан Шеихун, во провинцијата Идлиб, во 2017 година и во Гута, во близина на главниот град Дамаск, во 2013 година, при што се убиени над 1.400 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Статуа на Меланија Трамп украдена во Словенија

Полицијата во Словенија истражува исчезнување на бронзена статуа на Меланија Трамп, која ја замени дрвената статуа уништена во пожар во 2020 година, објави „Гардијан“. Бронзената статуа, прикажана во природна големина, беше поставена на трупец од дрво на приватна нива во нејзиниот роден град Севница.
Според полицијата и творецот на статуата, американскиот концептуален уметник Бред Дауни, статуата била отсечена кај глуждовите и украдена. „Пријавата за кражбата е примена на 13 мај, а полициските службеници веднаш излегоа на местото на настанот и започнаа истрага“, изјави вчера портпаролката на полицијата Аленка Дреник Рангус.
Дауни рече дека дознал за исчезнувањето додека подготвувал нов проект во Германија и изрази жалење за загубата на статуата. Тој исто така изјави дека бронзената статуа била наменета како анти-споменик и анти-пропаганда и дека заменила дрвена скулптура што била запалена, што, според него, во тоа време не му било во ред.
Оригиналната дрвена скулптура ја прикажуваше Меланија во син фустан и високи потпетици, а ја изработи локалниот уметник Алеш Жупевц со моторна пила. Бронзената статуа беше подигната на крајот од првиот мандат на Доналд Трамп, додека тој водеше кампања за реизбор. Беше зајакната со бетон и метални прачки на приватно земјиште. Истрагата за исчезнувањето на статуата е во тек.
Титулата на Меланија како прва дама разбуди надеж во нејзиниот роден град дека Доналд Трамп би можел да ја посети Словенија, што досега не се случило, а во Севница разни производи како колачи, чоколадо, мед и влечки беа посветени токму на неа.
Свет
Рубио: Стабилна Сирија би бил драматичен чекор напред за целиот регион

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека мирна и стабилна Сирија „би била едно од најдраматичните подобрувања во регионот во многу долго време“, сугерирајќи дека Вашингтон го поддржува новото сириско раководство под водство на претседателот Ахмед ал-Шара, пренесува Анадолија.
„Ова е историска можност и ако успее, ќе имаме драматично, трансформативно влијание врз регионот“, рече Рубио во Анталија.
Неговата изјава дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп и Шара се сретнаа во Ријад во средата – состанок што го означи првиот контакт на високо ниво меѓу САД и Сирија откако беше соборен режимот на Башар ал-Асад во декември.
Трамп, кој претходно објави укинување на американските санкции врз Сирија, го нарече состанокот „одличен“.
Рубио го опиша новото сириско раководство како посветено на обновата на земјата како плуралистичко општество.
Тој посочи дека Сирија изразила желба за „мир со сите свои соседи“ и „протерување на странските борци и терористи“ кои би можеле да ја дестабилизираат земјата.
Рубио рече дека САД сакаат да бидат „од помош“, но дека американската помош ќе зависи од тоа дали Сирија „презема чекори напред“.
„Очигледно сакаме да видиме напредок и ќе одговориме на секој нивен чекор, но тоа ќе биде долг пат“, рече Рубио.
Тој додаде и дека постои можност еден ден да оди во Конгресот и да побара трајно укинување на санкциите.
Европа
Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес

Трилатерални средби најверојатно ќе се одржат во Истанбул денеска наместо мировни преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија и Украина во турскиот мегалополис, изјави синоќа извор од турското Министерство за надворешни работи.
„Трилатерални преговори меѓу САД, Украина и Турција“ од една страна и меѓу „Руската Федерација, Украина и Турција“ од друга страна се на дневен ред, рече изворот.
Затоа, се чини дека директни преговори меѓу Русија и Украина нема да се одржат.