Спорт
Луѓе мои, каков играч – Клоп воодушевен од напаѓачот на Лидс

Ливерпул во летниот преоден рок ќе бара барем едно засилување во нападот. Најсилниот дел од тимот оваа сезона целосно потфрли, Салах, Мане и Фирмино не беа на нивото од претходните сезони, што се почувствува во резултатите.
Медиумите тврдат дека Ливерпул во преодниот рок ќе го напушти Салах или Фирмино. Јирген Клоп е во потрага по напаѓач, а како што тврди „Атлетик“, изборот на менаџерот е голгетерот на Лидс јунајтед, Патрик Бамфорд.
Бамфорд со 15 гола е на шестото место на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата.
„Луѓе мои, каков играч! Се сеќавам дека луѓето зборуваа дека на Ливерпул му треба вистински голгетер, дека Патрик не е доволно добар. Среќен сум што погрешија во процените. Тој е исклучителен фудбалер, голем работник на теренот“, изјавил неодамна Клоп.
Бамфорд во кариерата играл за Нотингем форест, Челси, Мидлсброу и Лидс јунајтед. Според „Трансфермаркт“, неговата вредност изнесува 18 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Сити го прегази Јувентус

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Јувентус во Орландо (5:2) и ја освоија првата позиција во Групата Г на Светското клупско првенство. .
Џереми Доку постигна гол за „граѓаните“ во деветтата минута, Пизедначи Теун Копмајнерс две минути подцна, а потоа следувше канонада кон голот на Јувентус.
Мрежата на „старата дама“ ја погодија Пјер Калулу (автогол) во 26-та минута, Ерлинг Халанд во 52-та, Фил Фоден во 69-та минута и Савињо во 75-та минута. Вториот гол за Јуве го постигна Душан Влаховиќ во 84-та минута.
Сити и Јувентус од оваа група се пласираа во осминафиналето.
Спорт
Младинците на Холандија го освоија Европското првенство

Холандската фудбалска репрезентација ја победи Шпанија со 1:0 во финалето на Европското првенство во фудбалери до 19 години, кое се одржа во Романија.
Шпанците не успеаја да слават по 13-ти пат, за среќа на Холанѓаните, кои за прв пат станаа европски шампиони во оваа категорија.
Двата тима внимателно влегоа во финалето, а клучниот момент се случи во 63-та минута кога шпанскиот репрезентативец Раул Хименез си постигна автогол, кој подоцна ќе се покаже како одлучувачки.
Залудно, до крајот на натпреварот, Шпанија се обидуваше да го промени резултатот, и покрај нападите, реализацијата изостана, а титулата европски шампион отиде во рацете на Холандија.
Спорт
Европско првенство во џудо за кадети од денес во Скопје

Отворено е Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од денес до недела ќе се одржи во Скопје
Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.
Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо, а по тој повод на отворањето на настанот се обрати министерот Панче Тошковски кој рече дека чест и задоволство е што државата ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа.
„Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт.“, потенцираше министерот.
Претходно беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија. Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.