Европа
СЗО: Последица на пандемијата може да биде зголемена дебелина кај децата

Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека пандемијата на коронавирусот може да има непредвидливи последици, што може да резултираат со зголемена дебелина кај децата.
Во извештајот од регионалната канцеларија на СЗО објавен во вторникот се вели дека затворањето на училиштата за време на карантинот може негативно да влијае на исхраната и физичката активност на децата бидејќи тие немаат училишни оброци и училишни активности.
„Ковид-19 може да придонесе за влошување на еден од загрижувачките трендови во европската област на СЗО, а тоа е појава на зголемена дебелина кај децата“, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.
Тој додаде дека прекумерната тежина и дебелината подоцна се поврзани со опасни за животот болести, како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.
За да се избегне негативното влијание на коронавирусот врз иднината на децата, Клуге повика да се воведат научно базирани политики насочени кон промовирање здрава исхрана и физичка активност, притоа мислејќи на воведување данок на засладените пијалаци, се наведува во извештајот.
Студијата спроведена во 36 земји покажа дека речиси едно од три деца во европскиот регион на возраст меѓу шест и девет години страда од прекумерна тежина.
Студијата покажа дека состојбата е најтешка во земјите од Медитеранот иако во некои земји во последно време состојбата постепено се подобрува, на пример, во Грција, Италија, Португалија и во Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.