Спорт
Идеалниот тим на Буфон: од Малдини и Баџо до Роналдо и Мбапе

Џанлуиџи Буфон вчера објави дека нема да го продолжи договорот со Јувентус и дека по завршувањето на сезоната, вторпат во кариерата ќе го напушти клубот.
Во чест на Буфон порталот Livescore го објави идеалниот тим составен од неговите соиграчи од репрезентацијата и клубовите за кои настапувал (Парма, Јувентус, ПСЖ).
Во екипата, покрај Буфон, се: Лилијан Тирам, Фабио Канаваро, Алесандро Неста, Паоло Малдини – Андреа Пирло, Павел Недвед, Роберто Баџо, Алесандро дел Пјеро – Кристијано Роналдо, Килијан Мбапе.
Инаку, 43-годишниот Буфон не соопшти дали заминувањето од Јувентус значи и крај на неговата кариера.
Џиџи Буфон е рекордер во Серија А, досега во кариерата одиграл 656 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Њукасл го декласира Кристал Палас и скокна на третото место во Премиер лигата

Комплетирано е 32. коло во Премиер лигата, по кое Њукасл се искачи на третото место на табелата. Вечерва Њукасл го декласира Кристал Палас со 5:0 (4:0).
Њукасл од самиот почеток тргна во офанзива, па Александар Исак имаше одлични шанси веќе во осмата и десеттата минута, првиот негов обид го одбрани голманот на гостите, вториот беше непрецизен.
Њукасл поведе во 14. минута преку Џејкоб Марфи. Имаше потоа Палас шанса преку Езе, а од 38.минута започна потпот на гостите од Лондон.
Марк Гуехи си постигна автогол во 38. минута. Гуехи е вториот играч кој си постигнал автогол и дома и на гости во дуел со ист противник. Пред него, Џејми Карагер ја имаше таа несреќа против Тотенхем во сезоната 1998/99.
Во втората минута судиското надополнување во првото полувреме, Харви Барнс го постигна третиот, а шест мунути подоцна Фабијан Шер се запиша во листата на стрелците за 4:0.
Конечниот резултат го постави Александер Исак во 58.минута.
Тимот на Еди Хау, кој го пропушти вториот меч поради воспаление на белите дробови, сега е на третото место на табелата со 59 бодови, два повеќе од Нотингем Форест. Кристал Палас е на 12 место со 43.
Спорт
Црвенз звезда го победи Вардар во хуманитарениот натпревар за трагедијата во Кочани

Фото/ ФК Црвена звезда
Фудбалерите на Црвена звезда го победија Вардар со 3:1 на хуманитарниот натпревар одигран во Скопје.
Приходот од влезниците ќе им биде дониран на семејствата на настраданите во пожарто во Кочани.
Пожарот во дискотеката во Кочани однесе 61 живот, а повредени беа се речиси 200 луѓе, главно тинејџери.
Ова беше прво гостување на Звезда во Скопје по точно триесет години. И беше многу емотивно.
Звезда ја оправда улогата на фаворит, славеше по пресвртот, откако Вардар дојде до предност со голот на Маневски во 27.минута. Стрелецот на голот го соблече дресот и заплака откако по соло акција го совлада Глазер.
Под дресот носише маица со името на Андреј Лазарова, фудбалер на Шкупи, кој кобната вечер загина во дискотека во Кочани.Црвена звезда до крајот на првиот дел направи пресврт, во интервал од три минути во 41. и 44. по убави кации голови постигнаа Илиќ и капитенот Ктаи.
Конечниот резултат го постави Урош Сремчевиќ во 87.минута.
Спорт
Хорхе Мартин ќе отсуствува најмалку три месеци

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин најверојатно ќе мора да остане во болница во Доха најмалку две недели поради скршеници на ребрата со кои се здоби за време на ГН на Катар. Шпанецот најверојатно ќе отсуствува од патеките околу три месеци.
Возачот на Априлија се врати на патеката минатиот викенд, откако ги пропушти првите три трки поради бројните повреди кои ги претрпе уште пред почетокот на сезоната.
Мартин прво се здоби со скршеници на раката и стапалото за време на првиот ден од предсезонското тестирање во Сепанг, а една недела пред првата трка ја скрши другата рака.
Шпанскиот мотоциклист се врати минатиот викенд, но имаше тежок пад, откако во спринтот го освои 16-тото место, на осум круга пред крајот на главната трка на патеката „Лусаил“.
Со деталните прегледи најпрво е утврдено дека морал да остане во болница поради пневмоторакс, а имал вкупно 11 скршеници на ребрата кои, за среќа, не ги зафатиле мозокот, пршлените и абдоминалните органи.
Од таборот на Мартин изјавија за „motorsport.com“ дека возачот на Априлија има големи болки и дека особено го мачи цевката која е интубиирана за пневмоторакс, која може да биде отстранета во следните четири до седум дена.
Враќањето во Шпанија е приоритет за Мартин, но поради болки летањето во моментов е практично невозможно.
„Ако се биде добро, Хорхе би можел да се обиде да се врати во Шпанија за околу две недели, можеби и три“, вели истиот извор.
Без разлика кога ќе се врати на патеката, лекарот кој често ги лекува возачите истакна дека Мартин би можел да биде надвор од патеката не помалку од три месеци, секако во зависност од дополнителните прегледи за сите повреди што ги има.
Откако се здоби со три сериозни повреди за помалку од два месеци и со оглед на двата насилни падови по закрепнувањето, Шпанецот сигурно нема да смее да брза со враќањето.
Доколку се точни прогнозите дека ќе мора да паузира три месеци, најрано што Мартин би можел да се врати е Германското ГП, од 11 до 13 јули или една недела подоцна, кога Мото ГП шампионатот се сели во Брно.
Следната трка од Мото ГП шампионатот се вози за Големата награда на Шпанија од 25 до 27 април.