Македонија
Бајрамска порака на реисот Шаќир Фетаи
Почитувани верници, браќа и сестри!
Со голема радост го очекуваме големиот празник Фитр бајрам, празник на најголемите награди на годината. Овој ден претставува задоволство на семоќниот Алах за големата посветеност што ја покажавме во текот на месецот рамазан, за време на кој со срце и душа, со висока свест и со целото битие, ги постевме деновите на рамазан покажувајќи ја во пракса непоколебливата врска со нашиот Створител. Ние ги реформиравме нашето размислување и личност, ги облагородувавме нашите души и срца негувајќи ја високата свест за Господ, како и за човекот и светот околу нас.
Празникот Фитр бајрам е триумф на верата над неверството, на доброто над злото, на великодушноста над скржавоста, на солидарноста над понижувањето, на приближувањето едни на други над изолација и одвојување од другите, на мирот над конфликтот, на духовноста до материјализам и помирување над одмаздата; накусо: овој голем празник е симбол на исполнување на аманетот доверен од страна на возвишениот Бог.
За ова Алах, семилостивиот, во возвишениот Куран вели:
قَدْ أَفْلَحَ مَن تَزَكَّىٰ وَذَكَرَ ٱسْمَ رَبِّهِۦ فَصَلَّىٰ
„Навистина е спасен оној што ќе се очисти, кој го споменува името на Господарот свој и кој се клања!“ (Eл E’Ala 14,15)
Овој благословен рамазан беше со нас во најтешките моменти шт ги донесе опасната болест Ковид-19 и коегзистира со нас во текот на сите денови во текот на постот. Ова направи вредноста за верникот да биде уште поголема затоа што водевме двојна војна, едната против проколнатиот ѓавол, а другата во нашите напори да придонесеме за исчезнување на вирусот за да се спасат животите на луѓето.
Затоа, денес му се молиме на семоќниот Алах со молитва да го прифати нашиот пост, нашето обожавање, нашите молитви, нашата милостина, да ги усреќи срцата на сите луѓе во светот, да ги спаси и подигне послабите, да ги помири срцата на луѓето за да живеат во мир и хармонија, да ги лекува срцата и раните на семејствата на жртвите од опасната болест и да го зајакнат нашето единство за доброто на нашите семејства, на нашиот народ и на целиот човечки род.
За посветеноста што ја покажавме во светиот месец рамазан се молиме со милоста на семоќниот Алах да нѐ отфати духот на изреката на Пејгамберот Мухамед а.с.
من صام رمضان إيمانا واحتسابا غفر له ما تقدم من ذنبه
„Кој ќе го испости месецот рамазан со непоколебив иман и со висока свест, ќе му бидат опростени сите поранешни гревови“.
Бајрам мубарек олсун!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.
Македонија
Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс
Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и плод на иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“.
Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното градско подрачје, на локацијата меѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.
Со оваа одлука на Советот на Општината, градоначалникот Влатко Грозданов се овластува по брза постапка да формира работно тело, со цел проектот да биде завршен до 16 март годината кога ќе се наврши една година од трагедијата во дикостеката „Пулс“ во Кочани.

