Македонија
Хоџа: Погрешни се тезите дека ќе може сѐ и сешто да се легализира
Од Владата оценуваат дека по вчерашното усвојување на законот за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти во законодавниот дом, ќе се реши урбанистичкото дивеење.
„Прогрешна е тезата дека ќе може сѐ и сешто во секое подрачје да се легализира“, нагласи владиниот портпарол Мухамед Хоџа додавајќи дека во законот е точно прецизирано каде и кои објекти ќе може да бидат легализирани.
„За да се легализира во заштитно подрачје, треба да се добие согласност од надлежниот орган, министерство или друга институција дека градбата не го загрозува тоа подрачје, така што невозможно ќе биде лесно да се легализира секој објект во овие делови. Законот е усогласен и со опозицијата, при што се прифатени и неколку нивни амандмани и се вметнати во него. Со законот се спречува урбаното дивеење со тоа што се зголемува цената за легализација за плус 50 отсто од основните комуналии, со што се одвраќаат од намерата сите што мислат да градат нелегално“, изјави Хоџа.
„Има многу државни објекти кои од разни причини не се запишани во катастар. Со овој закон тоа се овозможува“, оценија портпаролите на владата на денешната прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

