Македонија
Нови 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски

Одредени уште 30 дена притвор за бизнисменот Орце Камчев. Одлуката ја донесе Кривичниот суд по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. На Ратка Камчева ќе ѝ се одземат пасошите, а Ненад Јосифовиќ еднаш неделно ќе треба да се јавува во судот.
„ Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлогот, утврди дека се уште постојат основите од чл. 165 ст.1 т.1 од ЗКП и донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител и го продолжи притвор на Ј.К. за 30 дена, определи мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода за Н.Г., а ги прифати и предложените мерки за претпазливост против останатите двајца обвинети”, велат од Кривичен суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.