Спорт
Синиша Михајловиќ ќе стане дедо, реакцијата е „бесценета“

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ доби пријатно изненадување, откако неговата ќерка Виргинија потврди дека е бремена и на социјалните мрежи ја сподели реакцијата на српскиот тренер.
Виргинија е во врска со италијанскиот У-21 репрезентативец, фудбалерот на Порденоне, Џанлука Вољако, инаку продукт на академијата на Јувентус. Тие се заедно од времето кога 22-годишниот Вољако играше за Примавера тимот на Јувентус.
„Се шегуваш? Мислиш сега, оваа година? Ми се плаче“, вели изненадениот 52-годишен Михајловиќ.
Ова е најдобрата можна вест за него, посебно откако во 2019 година му беше дијагностицирана леукемија, за која беше на две тури хемотерапија и преседување на коскена срж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија до 19 години убедливо ја победи Црна Гора на гости

Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2:4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции.
Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф.
Серијата голови за нашата селекција ја отвори фудбалерот на Вардар, Емир Шаботиќ, во првото полувреме. Откако домаќините успеаја да израмнат, Македонија повторно поведе со гол од пенал на членот на Црвена ѕвезда, Горазд Ристовски.
Црна Гора повторно израмни на 2:2, но по голема грешка на домашниот голман, Адмир Љафити донесе ново водство за Македонија. Истот играч со прекрасен соло продор и прецизен удар го постави конечниот резултат, 2:4 во корист на нашата селекција.
Првиот пријателски натпревар меѓу овие две репрезентации заврши без голови, 0:0.
Спорт
Винисиус: Анчелоти е најдобриот тренер што сум го имал во кариерата

Напаѓачот Винисиус Жуниор призна дека Карло Анчелоти е неговиот омилен тренер, иако Италијанецот го напушти Реал Мадрид пред пет месеци. Сега тие повторно соработуваат заедно во националниот тим на Бразил.
25-годишниот крилен играч има 201 натпревар под водство на Анчелоти – двојно повеќе отколку со Зидан. За Кралевите постигна 90 гола и 68 асистенции, а за Селесао во три натпревари со Анчелоти има два гола и една асистенција. Гол и асистенција забележа во победата над Јужна Кореја (5-0).
„Тој е најдобриот тренер што сум го имал, ми даде најмногу самодоверба и отсекогаш играв најдобро под негово водство“, изјави Винисиус.
Бразилците сега се подготвуваат за Светското првенство во 2026 година.
„Треба брзо да се подготвиме. Мораме да се браниме добро и да притискаме за победа на секој натпревар“, додаде тој.
Бразил сега ќе игра со Јапонија во Токио, во вториот пријателски натпревар пред Светското првенство.
Спорт
УЕФА подготвува нова револуција, ќе има промени во квалификациите за ЕП и за СП

Квалификациите за Светско и Европско првенство во фудбал би можеле да доживеат целосна промена. УЕФА размислува за воведување систем сличен на Лигата на шампионите, пишува британски „Тајмс“.
Лига-шемата би овозможила повеќе големи натпревари, а помалите репрезентации сепак би имале шанса за дуели со силните селекции. Се размислува и за вклучување на Лигата на нации како дел од квалификациите.
Генералните секретари на 55 европски федерации се состанаа во Малага. Тие дискутираа за предностите и недостатоците на секоја опција.
Сегашниот систем со мали групи од четири или пет репрезентации е соочен со пад на интересот. Причина е и недостигот од атрактивни натпревари.
УЕФА сака максимален интерес и приход од квалификациите. Репрезентативните паузи често се гледаат како непожелна пречка, што организацијата сака да го промени.
Идниот систем може да користи од Лигата на нации, од Лигата на шампионите или да има сосема нов формат. На пример, ако Европа има 16 места за Светското првенство, првите 12 би се квалификувале директно, а останатите осум репрезентации би се бореле за преостанатите четири места во доигрување.