Свет
Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус
Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна габа“, болест што ги напаѓа мозокот и белите дробови.
Тоа не е болест специфична само во Индија, туку мукормикоза – широко распространета габична инфекција која најчесто ги погодува имунокомпромитираните лица, оние со слабо контролиран дијабетес или оние кои примаат одредени лекови.
Оваа инфекција е предизвикана од разни видови на габи, вклучително и ризопус, ризомукор, апсидија и базидиоболус, и е присутна ширум светот. Најлесно се заразуваат луѓето во болници, кога габата останува на постелнината или патува низ системи за вентилација, велат експертите.
„Мукормикозата е многу сериозна болест, има висока стапка на смртност и бара многу лекови или дури и операција за лекување“, рече Питер Колињон, член на управниот одбор на Светската здравствена организација кој се занимава со заразни болести и отпорност на антибиотици.
Околу 300 случаи на мукормикоза неодамна се пријавени во индиската држава Гуџарат.
Габите што ја предизвикуваат оваа болест се наоѓаат насекаде околу нас, на земјата и во растенијата.
“Тоа е семејство на габи што можат да влезат во синусите и шуплините во главата. И кога вашиот имунолошки систем не може да ги држи под контрола, тие го напаѓаат мозокот, по што работата станува сериозна”, рече Колињон.
Ние нормално ги вдишуваме нивните спори, но обично целиот проблем го решава нашиот имунолошки систем. Сериозна инфекција може да се појави кај оние со болести како што се дијабетес или леукемија, кои имаат ослабен имунитет или оние кои земаат лекови како стероиди, пишува Гардијан.
Симптомите вклучуваат болка и црвенило околу очите и носот, треска, главоболка, кашлица, повраќање на крв, црно и крвав исцедок од носот, болка на едната страна од лицето и синусите, црн нос, забоболка и болно и замаглување на видот.
„Мукормикозата е скапа и тешко се лекува, а стапката на смртност е поголема од 50%“, рече Колињон.
Пациентите со мукормикоза добиваат антифунгални лекови, кои можат да бидат доста токсични. Обично е потребно хируршко отстранување на некротичното ткиво.
“Хируршката интервенција е скоро секогаш потребна за да се расчисти изворот на габична инфекција – што обично се наоѓа во синусите и задниот дел на грлото. Треба да дојдеме до тоа место и хируршки да го отстраниме целиот габичен материјал. Операцијата понекогаш се одвива во многу чувствителен област, како дел од мозокот. “изјави Колињон.
Бидејќи ковид-19 го загрозува нашиот имунолошки систем, може да се појави мукормикоза.
“Кога инфицирани со ковиди завршуваат на одделот за интензивна нега, им даваме многу стероиди затоа што помагаат во лекување на воспаленија. Но, за жал, стероидите го потиснуваат нашиот имунолошки систем, што значи дека е нарушена нашата способност да се бориме против нормалните инфекции, како габите“, објасни Колињон.
Со оглед на тоа дека се откриени случаи на мукормикоза во Делхи, Махараштра и Гуџарат, експертите од индиската работна група за Ковид-19 во неделата издадоа упатства за спречување на инфекцијата.
Тие ги повикаа граѓаните да носат чевли, долги панталони, кошули со долги ракави и ракавици кога работат на земја или да ракуваат со ѓубрива и ги замолија да одржуваат лична хигиена и да внимаваат на дијабетес (доколку го имаат). На медицинскиот персонал им беше кажано да престанат да даваат лекови што го потиснуваат имунитетот, како што се стероидите, што е можно поскоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ЕУ ги укинува санкциите за Косово и ја отклучува финансиската помош
Европската Унија е подготвена да ги укине санкциите што ги воведе против Косово во 2023 година поради тензиите на северот на земјата и ќе ја отклучи финансиската помош, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Земјите од ЕУ воведоа казнени мерки против Косово откога владата на премиерот Албин Курти не одговори на повиците на ЕУ и САД за смирување на немирите на северот со мнозинско српско население по најлошото насилство за повеќе од една деценија.
Мерките вклучуваа суспендирање на посетите на косовски претставници на ЕУ и задржување голем дел од економската помош на ЕУ.
„Добри вести за Косово“, рече Фон дер Лајен во објава на X. „Планираме 216 милиони евра финансиска помош и имаме намера да ослободиме 205 милиони евра на почетокот на следната година“, напиша таа.
Насилството избувна во северно Косово во 2023 година откога градоначалниците од етничките Албанци ја презедоа функцијата со победа на локалните избори. Изборите беа бојкотирани од Србите барајќи спроведување договор стар десет години, со кој им се дава поголема автономија.
30-ина мировници на НАТО, кои ги чуваа градските собранија, беа повредени во судирите со српските демонстранти, а повредени беа и 52 Срби.
Фон дер Лајен рече дека ЕУ одлучила да ги укине мерките откога српските градоначалници ја презедоа функцијата по локалните избори во октомври.
Косово треба да одржи нови парламентарни избори на 28 декември бидејќи не успеа да формира влада по изборите во февруари.
фото/депозитфотос
Свет
„Тажен кактус“: Норвешка се брани по бранот критики за новогодишната елка во Лондон
Норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде одговори на бранот критики што се појавија во британската јавност во врска со елката што Норвешка традиционално му ја донира на Лондон и која беше поставена на плоштадот Трафалгар.
Во некои британски медиуми и на социјалните мрежи изгледот на елката беше оценет како разочарувачки, со иронични споредби со тажен кактус и тврдења дека елката изгледа како да е зафатена од торнадо. Сепак, Ајде нагласи дека станува збор за симбол, чија вредност далеку ги надминува естетските впечатоци.
Тој потсети дека елката е непроценлив подарок и дел од традицијата што трае од 1947 година кога Норвешка првпат ѝ ја подари елката на Велика Британија како знак на благодарност за нејзината поддршка за време на Втората светска војна. Според него, елката е исто така симбол на долгорочно партнерство и пријателски односи меѓу двете земји.
„Многу се гордееме на нашата елка и на оваа традиција“, рече Ајде нагласувајќи дека значењето на овој гест не може да се мери само со визуелни впечатоци.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски: Украина нема да се повлече од регионот Донецк
Украина не е подготвена да се повлече од регионот Донецк, а Русија се стреми целосно да го преземе Донбас, изјави денес претседателот на Украина Володимир Зеленски наведувајќи дека Соединетите Американски Држави во моментот бараат компромисно решение.
„Сите ја знаеме позицијата на Русија. Тие сакаат да го окупираат целиот Донбас, а сега сакаат ние да се повлечеме од Донбас. Ова е нивниот отворен став. Нашиот став е исто така отворен – ние не сме подготвени да преземеме такви чекори, а Соединетите Американски Држави бараат компромис“, рече Зеленски како одговор на прашања од новинари, објави „Укринформ“.
Зборувајќи за разговорите за мировниот план од 20 точки и безбедносните гаранции, Зеленски рече дека украинските и американските преговарачки тимови ќе одржат серија состаноци во САД в петок и в сабота.
Според него, темите на разговорите ќе бидат мировниот план, безбедносните гаранции, договорот за обнова на Украина и други можни чекори.
Тој додаде дека украинскиот тим веќе е на пат кон САД и дека американската страна очекува нивно пристигнување, а можно е и присуство на европски претставници.
Претходно, Зеленски изјави дека следната рунда украинско-американски преговори ќе се одржи во САД по консултациите меѓу Вашингтон и Москва наведувајќи дека состаноците би можеле да се одржат веќе во текот на викендот, објави „Танјуг“.
Фото: депозитфотос

