Црна хроника
Охрид: Полицајка со четири истрели го убила сопругот, па се самоубила

Две безживотни тела на маж и жена, беа пронајдени вчера во семејна куќа на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, соопштуваат од СВР Охрид
По извршениот увид, констатирано е дека се работи за брачна двојка, 33 годишната охриѓанка Борка В. и 35 годишниот Игор В. Кај Борка е констатирана прострелна рана во пределот на десната слепоочница додека нејзиниот сопруг Игор се здобил со четири прострелни рани во пределот на грбот, слабините и рамото. Полициските службеници на местото на несреќата пронашле повеќе чаури и куршуми од огнено оружје – пиштол марка ЦЗ-99 калибар 9 милиметри. Пиштолот службено го поседувала Борка, која била вработена како полицаец во Полициската станица за граничен премин Аеродром Охрид. При увидот, забележани се траги од оштетувања од проектили на ѕидовите, дограмата и покуќнината кои се подигнати и испратени на вештачење во МВР на РМ во Скопје.По наредба на Истражен судија, во текот на денешниот ден ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема дополнителни мерки и работи на целосно расчистување на овој настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.