Европа
Данска ги ископува телата на визоните уништени поради коронавирусот

Данска почна со ископување четири милиони тела на визони што се во фаза на распаѓање стравувајќи дека може да ја загадат водата за пиење или блиското езеро каде што се капат луѓето.
Во ноември Данска ги уништи сите визони од страв дека животните може да го пренесат мутираниот коронавирус на луѓето откако беше пронајден нов вид кај крзнените животни на една од фармите, пренесува АП.
Се стравуваше дека мутираниот вид може да влијае на ефикасноста на идните вакцини, па повеќе од 17 милиони се истребени, што беше голем удар за данската индустрија за крзно, која е најголема во Европа.
Владата најави дека ќе ги уништи визоните иако немаше право да уништува здрави животни, што, според АП, е срамен и погрешен чекор, што доведе до создавање политички консензус за нов закон.
Ископувањето на 13 тони мртви визони на две места во западна Данска, сместени во близина на езерото за капење и извор на вода за пиење, ќе чини 24,4 милиони долари.
Жителите во областа се жалеа на потенцијален ризик од контаминација, а пред да бидат закопани животните властите тврдеа дека не постои ризик од загадување на подземните води или заштитената област.
„На жителите не им се дадени вистинските информации и водата е загрозена од загадување. Сега ја елиминираме причината за загадувањето. Тоа беше невообичаена состојба со голема несигурност за граѓаните. Ние сега го коригираме тоа“, рече министерот за земјоделство, Расмус Прен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин