Македонија
13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 30, Куманово – 13, Кичево – 8, Битола – 7, Радовиш – 6, Охрид – 5, Прилеп, Кочани и Македонска Каменица по 4, Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип и Кратово по 3, Штип и Неготино по 2 и по еден во Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Валандово.
Регистрирани се и 2.179 оздравени пациенти од Скопје – 924, Куманово – 189, Битола – 166, Прилеп – 137, Тетово – 97, Охрид – 94, Велес – 76, Кичево – 65, Гостивар – 60, Штип – 55, Кавадарци – 43, Ресен – 41, Гевгелија – 28, Струмица и Струга по 26, Неготино – 24, Кочани – 23, Делчево – 18, Свети Николе – 17, Виница и Демир Хисар по 14, Радовиш – 9, Крива Паланка, Богданци и Крушево по 8, Македонска Каменица и Валандово по 3, Пробиштип – 2 и еден во Демир Капија.
Пријавени се вкупно 13 починати лица: 3 од Скопје (66г, 75г и 90г), по две лица од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г). Од пријавените, 6 се починати во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.
Направени се 4.196 тестови преку: ИЈЗ-246, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-46, Судска медицина-12, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–69, МАНУ-98, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Авицена-351, Биотек-606, Систина-265, лабораторија Лаор-703, Синлаб-158, Ремедика-100, Плодност–74, Генеа–17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.024.
Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833.
Според епидемиолошки анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 68.209, активни 1.596
Куманово 8.776, активни 342
Прилеп 8.259, активни 168
Тетово 7.188, активни 135
Битола 6.265, активни 258
Велес 5.462, активни 101
Гостивар 5.155, активни 64
Кавадарци 5.144, активни 51
Охрид 4.980, активни 200
Штип 4.953, активни 84
Струмица 4.096, активни 118
Струга 2.969, активни 77
Кочани 2.774, активни 66
Кичево 2.535, активни 91
Гевгелија 2.190, активни 37
Неготино 2.179, активни 26
Свети Николе 1.518, активни 46
Ресен 1.233, активни 48
Крива Паланка 1.218, активни 14
Радовиш 1.136, активни 59
Берово 1.026, активни 12
Делчево 967, активни 30
Дебар 938, активни 8
Виница 872, активни 77
Пробиштип 789, активни 19
Валандово 665, активни 9
Богданци 493, активни 9
Крушево 488, активни 26
Демир Хисар 396, активни 22
Демир Капија 396, активни 3
Кратово 366, активни 14
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 4
Македонска Каменица 247, активни 18
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа.
„Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари“, истакна Герасимовски.
Во рамки на поддршката за учениците, повозрасните ученици ќе имаат можност за бесплатна екскурзија преку проектот „Сакај ја Македонија“.
Герасимовски, исто така, најави дека од септември, со почетокот на новата учебна година, сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен, здрав и квалитетен оброк.
Општина Центар за оваа година предвиде средства и за почеток на капитални инвестиции за изградба и реконструкција на два затворени базени во рамки на основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.
„Со овие мерки Општина Центар испраќа јасна порака дека вложувањата во образованието, талентот и поддршката во секое дете, останува еден од највисоките приоритети“, вели Герасимовски.
Македонија
Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата
За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата.
„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Треба да говориме отворено и без лажни наративи“, пишува Вељаноски на социјалните мрежи.
Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија.
„Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.

