Спорт
Пејсерси немоќни пред Леброн и Дејвис, Рендл со трипл-дабл ги однесе Никс до победа над Шарлот
Од 19 часот по средно-европско време, во НБА лигата се одиграа три натпревари во НБА лигата. Најголемо внимание привлече натпреварот во Индијанаполис, помеѓу Индијана Пејсерс и Лос Анџелес Лејкерс. Во тимот на Лејкерс се врати Леброн Џејмс, кој поради повреда пропушти шест натпревари.
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Индијана Пејсерс со 122.115. Џејмс, на теренот мина 28 минути, постигна 24 поени, на кои придодаде седум скока и осум асистенции. Најефикасен кај Лејкерси беше Ентони Дејвис со 28 поени и 10 скокови.
Индијана ја предводеа Керис Леверт со 28 поени и 12 асистенции, односно Џакар Семпсон со 20 поени.
Њујорк Никс, по дополнителните пет минути славеа победа во дуелот со Шарлот Хорнетс 118:109. Натпреварот во регуларниот дел заврши 104:104. Продлжение за шарлот избори Тери Розир.
Блескаше на теренот центарот на Њујорк, Џулиус Рендл со 33 поени, 10 скока и 13 асистенции, Реџи Булок постигна 17, а Дерик Роуз 15 поени. Њујорк се искачија на четвртата позиција во Источната конференција со 40 победи и 31 пораз.
Мајлс Бриџис го предводеше Шарлот со 30 поени, пет помалку постигна Девонте Грин.
Бруклин Нетс, против Чикаго Булс славеа со резултат 105:91. За Нетс ова беше четврта победа во низа. Нетс кои се втори на Истокот со 47 победи и 27 порази, до победата г однесе Кајри Ирвинг со 22 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Раониќ официјално замина во пензија
Канадскиот тенисер Милош Раониќ (35) одлучи да ја заврши кариерата.
Раониќ, освои осум титули од турнири од пониски категории. Играше во финалето на Вимблдон во 2016 година, а се бореше за титулите на Мастерс турнирите во Синсинати, Индијан Велс, Париз и Торонто.
„Дојде моментот… Се повлекувам од тенисот. Ова е моментот за кој знаете дека еден ден ќе дојде, но некако никогаш не се чувствувате целосно подготвени за него. Тенисот ми беше љубов и опсесија поголемиот дел од мојот живот“, напиша Раониќ.
Негова најдобра година беше 2016 година. Покрај финалето на Вимблдон, каде во полуфиналето беше подобар од Роџер Федерер, тој играше и во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и на Завршниот Мастерс, финалето на Индијан Велс и ја заврши годината на третото место.
„Мамо, тато, Јелена и Момир, вечно ви сум благодарен што во многу моменти ги ставивте вашите животи настрана за да имам можност да го остварам мојот сон. Ова стана реалност само благодарение на вас. Ништо од ова не би било можно без вашиот постојан напор и емоционалната поддршка што ја вложивте во моите соништа. Колку и да сум среќен што го пронајдов тенисот, тоа бледее во споредба со тоа колку сум среќен што ве имам вас како мои родители, сестра и брат. Се надевам дека ќе ги правам мојата сопруга и син горди секој ден и дека ќе можам да бидам семејство за нив, како што бевте вие за мене“, додаде тој, меѓу другото.
Последен пат играше на Олимписките игри во 2024 година во Париз, каде што загуби од Доминик Кепфер во првото коло.
Спорт
Ѓорческа успешно стартуваше во квалификациите за АО
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, успешно стартуваше во квалификациите за пласман на Австралија опен, првиот гренд слем турнир во сезоната.
Ѓорческа, во првата рунда, ја победи 100 места подобро пласираната, Сиња Краус од Австрија.
За 62 минути, Ѓорческа победи со 2:0 (7:5, 6:0).
Мечот беше рамноправен до 5:5 во првиот сет, Ѓорческа во 12-от гем направи брејк го освои сетот, а потоа во вториот ја збриша својата противничка.
Ѓорческа во второто коло ќе игра против Тамара Зиданшек (151 на ВТА листата) од Словенија.
Foto/ facebook.com/linagjorcheska/
Спорт
Поранешен играч ќе го преземе Манчестер Јунајтед
Откако Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим минатата недела, тимот привремено го презеде Дарен Флечер, кој не успеа да го „врати во живот“.
„Црвените ѓаволи“, одиграа 2:2, кај Барнли во Премиер лигата и доживеа елиминација во третото коло во ФА купот. Вчера Јунајтед загуби од Брајтон, на домашен терен (1:2).
Клупските челници интензивно се во потрага по нов менаџер, откако и Флеер изјави дека на тимот му е потребен вистински лидер.
Оле Гунар Солскјер јавно кажа дека сака да се врати во Манчестер Јунајтед, но се чини дека клупските челници имаат поинакви планови.
Прва опција за нов тренер е во моментов е Мајкл Карик, кој одржуваше позитивен контакт со групацијата „ИНЕОС“, под водство на Сер Џим Ратклиф, објавуви Фабрицио Романо.
Мајкл Карик веќе беше на клупата на Манчестер Јунајтед, како помошник на Оле Гунар Солскјер, а кога Норвежанецот беше отпуштен, тој го водеше тимот десет дена пред Ралф Рангник да биде назначен за нов менаџер.

