Македонија
Николоски: МВР молчи по организираните напади од исламистички структури врз Мицкоски и неговото семејствo
После поддршката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за правото на самоодбрана на државата Израел видовме дека се случуваат едни големи би рекол и организирани напади кон него од страна на радикални исламистички структури кои што се закануваат по однос на неговиот живот и животот на неговото семејство, а од МВР не видовме никаква реакција со цел да го заштити претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото семејство, рече Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој направи и паралела за како што рече двојните аршини на МВР, и како според него, министерството под водство на Спасовски во едни случаи експресно реагира, а во други, кога треба да се заштити некој политички неистомисленик на Заев нема реакција.
„Во едни многу, многу поблаги ситуации кога обичен човек ќе го искритикува на пример Зоран Заев или ќе напише нешто за него на фејсбук, полиција влегува во домовите на граѓаните, врши претрес во нивните домови, им одзема лаптоп и мобилни телефони, а овдека каде што имаме директни закани по однос на животот и безбедноста нема никаква реакција“, потенцира Николоски.
Тој го повика МВР да реагира, во спротивно како што кажа тоа ќе значи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев ова го прават намерно и тенденциозно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Променливо облачно и тивко со појава на магла
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник преку денот ќе се задржи стабилно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Кон крајот на денот и во следните денови под влијание на серија влажни воздушни бранови ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека планот за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат докажани експерти
Имплементацијата на мерки кои ќе бидат предвидени во План за управување со квалитетот на воздухот во Скопје ќе го спремаат експерти со докажано искуство и успешни проекти позади нив, а не ПР кампањџии, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје.
Мерките од овој план ќе бидат поддржани од градските власти и ќе се бара мерливост на резултатите и отчетност во реализацијата.
За дел од мерките ќе бараме помош при финансирањето, а дел од мерките од овој план ќе се финансираат од пари на граѓаните и тие не смее веќе да се трошат како до сега, во проекти со сомнителен квалитет, без мерливи резултати и подготвувани од аматери.
Прашањето на чистиот воздух е прашање на нашето здравје. А нашето здравје и здравјето на нашите деца нема да им го довериме на оние кои својот успех го мерат само во бројот на лајкови кои ловат во матното поле на паниката која ја создаваат кај граѓаните, туку во мерливи резултати.
Прашањата поврзани со квалитетот на воздухот ќе ги решаваме со вклученост на вистински стручњаци, затоа што се работи за здравјето на нашите деца, а не на кариерата на некој опозициски советник.
Светските примери на градови кои влегле во борбата со аерозагадувањето и успешно се борат, покажуваат дека посветената борба трае долги години и не започнува со ПР акции на денот кога воздухот е најзагаден, туку со систематски поставен План за управување со квалитетот на воздухот и имплементација на неговите мерки.

