Македонија
Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:
Скопје – 33, Гостивар и Струмица – по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Куманово – 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово – по 1 лице.
Регистрирани се 245 оздравени пациенти од: Скопје – 148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1 лице.
Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.
Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–80, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-282, Биотек-302, Систина-249, лабораторија Лаор-641, Синлаб-29, Ремедика-23, Плодност–48, Генеа–13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 406.
Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68242, активни 1475
Куманово 8778, активни 339
Прилеп 8262, активни 165
Тетово 7189, активни 127
Битола 6268, активни 243
Велес 5463, активни 99
Гостивар 5159, активни 64
Кавадарци 5147, активни 54
Охрид 4983, активни 203
Штип 4953, активни 78
Струмица 4100, активни 107
Струга 2969, активни 77
Кочани 2775, активни 59
Кичево 2538, активни 86
Гевгелија 2190, активни 37
Неготино 2179, активни 26
Свети Николе 1518, активни 44
Ресен 1233, активни 47
Крива Паланка 1218, активни 14
Радовиш 1136, активни 58
Берово 1026, активни 9
Делчево 967, активни 28
Дебар 938, активни 8
Виница 872, активни 68
Пробиштип 789, активни 19
Валандово 665, активни 7
Богданци 493, активни 9
Крушево 488, активни 25
Демир Хисар 396, активни 22
Демир Капија 396, активни 3
Кратово 367, активни 15
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 266, активни 2
Македонска Каменица 247, активни 18
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава, рече Герасимовски
Општина Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава во реално време, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Според него, јавната набавка е завршена, а веднаш по изборите ќе бидат поставени 30 мерни единици на различни локации.
„Заврши јавната набавка, чекаме да поминат изборите за да ги поставиме мерните единици – првично 30. Преку мобилна апликација, секој граѓанин ќе може да провери каква е фреквенцијата на бучава на одредена локација“, изјави Герасимовски.
Системот, како што објасни, ќе им овозможи на граѓаните докази при пријавување во Министерството за внатрешни работи или до општинските инспекциски служби. Целта е брза и ефикасна реакција на прекршителите, особено во зони каде што постојат проблеми со прекумерна бучава од угостителски објекти и сообраќај.
Во вториот дел од изјавата, Герасимовски зборуваше за следниот голем проект на општината – постепено затворање на Дебар Маало за моторен сообраќај, со што ќе се намали хаосот со паркирањето и ќе се создаде подобар квалитет на живот за жителите.
„Имаме ревидиран проект за затворање на Дебар Маало. Тој е доставен до Министерството за внатрешни работи и веќе имавме два состанока со МВР за да го подобриме и да добиеме одобрување. Така и беше договорено на последниот состанок“, рече Герасимовски.
Планот е Дебар Маало да се затвора дел по дел, почнувајќи веднаш по завршувањето на изборниот процес, а првата рампа веќе е поставена.
„Веќе поставивме рампа на почетокот на Боемска улица. Разговараме за начинот на кој таа зона ќе функционира, и тоа ќе биде пример за затворање и на други населби каде што сообраќајот и паркирањето се хаотични“, додаде градоначалникот.
Македонија
Николоски го претстави планот за Николиќ во Дојран: Уредена плажа, патека и подобро електроснабдување
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при посетата на дојранското место Николиќ, најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти за локалното население и туристите.
Николоски посочи дека приоритет е решавањето на проблемот со снабдувањето со електрична енергија, бидејќи местото брзо се шири со нови куќи и викендици.
Како втор проект го најави уредувањето и осветлувањето на пешачката патека што ќе води од населбата до плажата, која, според него, ќе стане туристичка атракција.
Трет приоритет е уредувањето на плажата Николиќ, која ќе добие концесионер со обврска да ја трансформира во современо туристичко место.
Николоски додаде дека се разговара и за изградба на културен дом и решенија за предучилишно згрижување на децата.
„Убеден сум дека Илија Николиќ ќе биде новиот градоначалник на Дојран и дека заедно ќе ги реализираме овие проекти со поддршка од Владата“, изјави Николоски.

