Македонија
Жителите на Поречкиот Регион најавија протести и бојкот на изборите поради неизградениот регионален пат
Граѓански здруженија од Поречкиот Регион се заканија со протест ако веднаш не биде прифатено нивното барање за изградба на регионален пат помеѓу населените места во рамките на Општината Македонски Брод и Скопје.
Во спротивно, велат, ќе ја информираат јавноста за точниот термин на протестот, а исто така најавуваат и дека ќе продолжат со перманентно организирање протести, со неколкучасовна блокада на регионалниот пат 1106 кон шумскиот резерват „Јасен“ и на патот од селото Мова Брезница до браната Козјак.
„Досега во повеќе наврати поднесовме барања до Владата, Генералниот секретаријат на Владата и кабинетот на премиерот, како и до ЈП за Државни патишта и до Министерството за транспорт, а одржавме и средби со надлежните инситуции во врска со нашето барање за решавање на овој за нас исклучително важен проблем. Како што е познато, од Скопје до Самоков сé уште се стига само низ резерватот Јасен, и тоа во три премини во лето и два во зима. Траса долга 16,5 километри се вози по пат широк само 2,5 метри, и тоа по распоред од по 30 минути за еден правец. Доколку се задоцни за овие термини, тогаш треба да се возат околу 200 км преку Кичево до Скопје. Ова е вистинска голгота и за оние 800 жители кои секојдневно одат на работа во Скопје, но и за сите жители на овој регион. Во овој крај инаку гравитираат 45 села и 6 викенд-населби“, велат од здруженијата.
Се жалат дека непостоењето на регионален пат резултирало со масовно иселување на жителите во околните градови, повеќето во Скопје, Тетово и Гостивар, а најмногу во странство, што предизвикало целосно замирање на стопанскиот и социјалниот живот во овој регион.
Тие предупредуваат дека доколку се игнорира нивното барање, жителите во рамките на општината Македонски Брод ќе ги бојкотираат претстојните локални избори закажани за октомври оваа година, со што ќе го изразат огромниот револт спрема Владата и инситуциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Учество на министерот Муцунски на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре престојува во работна посета на Рим, Италија, на покана на италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.
Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе учествува на 10-то издание на годишната конференција „Медитерански дијалог“ (Rome MED Dialogues), каде ќе има обраќање на панелот под наслов „Нова Европска комисија, стари европски приоритети“.
Дополнително, на маргините на конференцијата министерот Муцунски ќе се сретне со својот египетски колега – министерот за надворешни работи, Бадр Абделату и со сенаторот Џулио Терци ди Сант’Агата.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.