Црна хроника
Натепани три лица во својот дом во Илинден поради долг
Три лица биле натепани во својот дом во населбата Илинден поради долг.
Нападот доцна синоќа го извршиле С. В. (21), П. Ѓ. (19), С. М. (26) и Н. П. (26).
Тие со употреба на сила влегле во домот на З. П. (52) во населбата Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З. П., К. П. и Л. П.. Според пријавеното, З. П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н. П., кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З. П., К .П. и Л. П. биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопшти МВР.
Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К. П. кон напаѓачите.
Пријавените лица се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

