Свет
Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде побаран прекин на конфликтот меѓу израелската армија и палестинските милитанти.
Портпаролот на ЕУ, Питер Стано, рече дека состанокот ќе биде можност да се „најдат начини на кои европскиот блок најдобро може да придонесе за смирување на тензиите, запирање на ескалацијата и ставање крај на насилството“.
ЕУ го оцени уништувањето на зградата во која се наоѓаа канцелариите на најголемите меѓународни медиумски куќи како многу загрижувачка, истакнувајќи дека безбедните услови за работа на новинарите се од клучна важност.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел и претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел повикаа во изминатите неколку дена да се запре ескалацијата на насилството и да се обезбеди најдобра можна заштита за цивилите.
Судирите избија минатата недела кога членовите на Хамас истрелаа ракети со долг дострел кон Ерусалим по повеќенеделните судири во градот меѓу палестинските демонстранти и израелската полиција. Протестите беа насочени против иселувањето на палестинските семејства од населбите во Ерусалим.
Оттогаш, израелската армија започна стотици воздушни напади насочени кон инфраструктурата на Хамас. Палестинските милитанти истрелаа повеќе од 3.100 ракети кон Израел.
Според официјални лица од Појасот Газа, во нападите биле убиени најмалку 198 Палестинци, од кои 58 деца и 35 жени, а 1.300 биле повредени. Осум лица во Израел беа убиени во ракетни напади од Газа, вклучително и петгодишно дете и војник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Врховниот лидер на Иран: Израел штотуку е казнет

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека Израел „штотуку е казнет“, во порака објавена на социјалните мрежи пред неколку часа.
The Zionist enemy is being punished. It is being punished right now.
— Khamenei.ir (@khamenei_ir) June 20, 2025
Објавата, која сугерира дека Иран започнал нови напади врз Израел, дополнително ги засили тензиите меѓу двете земји.
Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025