Контакт

Црна хроника

МВР: „Детонатор“ означи крај на теророт во источна Македонија

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за акцијата што се спроведе во петокот вечерта под „Детонатор“, при што беа приведени 23 лица осомничени за разни кривични дела.

dobivaj vesti na viber

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска информираше дека акцијата имала за цел сузбивање на организирана криминална група составена од лица од Виница, Кочани и Крива Паланка, која вршела кривични дела со елементи на насилство – изнуди, трговија со оружје и дрога, перење пари, лихварство и други кривични дела, притоа предизвикувајќи страв и вознемираност кај населението.„Тоа што беше групата на Бајруш Сејдиу за Куманово, оваа група беше за Кочани, Виница и останатите градови во околината, а тоа што беше „Пепел“ за Бајруш, истото е „Детонатор“ за оваа група. Со други зборови, крај на беззаконието и теророт кој оваа група го вршеше врз граѓаните во источна Македонија“, рече министерката. Јанкулоска истакна дека дел од  членовите на криминалната група се сопственици на прави субјекти (дискотеки, барови, кабелски оператори и др.) како и нелегални објекти за игри на среќа, преку кои остварувале профит, а ги користеле и за прикривање на своите криминални активности.Против 16 лица – членови на криминалната група, денеска од страна на МВР до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “злосторничко здржување“, а согласно улогата која ја имале во групата, пооделно се пријавени и за  кривични дела кои истите ги извршиле.Имено, шест лица на возраст од 29 до 42 години се товарат дека создале злосторничко здружение, а останатите десет пријавени на возраст од 21 до 43 години станале припадници на групата, која во временскиот период од 2009 до 2011 година континуирано вршела кривични дела од областа на насилниот криминал, недозволената трговија и финансискиот криминал. Според досега обезбедените докази, групата организирала и „Убиство“, а на територијата на општина Виница, Кочани и Скопје сторила повеќе дела и тоа: „Изнуда“, “Фалсификување пари“, „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Насилство“. „Лихварство“, „Комар“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.  Дел од пријавените лица ќе бидат дополнително пријавени и за кривично дело „Недозволено изработување, држење, и тргувње со оружје или распрскувачки материи„.Преку агенцијата за обезбедување на имот, лица и мониторинг услуги „ТИТАН Груп“, организаторите на криминалната група заедно со припадниците на истата, со сила и сериозна закана присилиле три лица од Кочани како и други сопственици на правни субјекти да исплаќаат надомест за обезбедување на објектите, на месечно ниво спротивно на нивната воља. Ова го чинеле на начин што откако предходно им ги оштетувале објектите, им нуделе да потпишат договори за обезбедување, или им доставувале фактури за плаќање или вршеле компензација во храна и пијалок, а овој надоместок се движел помеѓу 1.600 денари до 3.600, денари. Осомничените икористувајќи ја тешката имотна положба на други лица, договарале услуги за несразмерна имотна корист, односно давале пари „под огромни камати“. За ненавременото исплаќање на каматата, лицата кои земале пари биле физички малтретирани, а исто така им биле упатувани и сериозни закани. Членови на групата биле инволвирани и во набавување на фалсификувани евра од Бугарија, а истите учествувале и во неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Двајца од пријавените во текот на месец февруари годинава договариле нелегално купување на покер апарати за  игри на среќа, кои се инсталирани во илегална коцкарница лоцирана во Кочани на ул.„Маршал Тито“, која работела без лиценца.Се работи на прибирање докази за инволвираност на групата и во меѓународен криминал бидејќи организаторите во текот на 2010 и 2011 година во повеќе наврати преку Вестерн Унион,  од Грција, Италија и Русија, примиле парични средства во вкупен износ од 21.640,00 евра за кои знаеле дека се прибавени со казниво дело, а еден од нив од лице од Грција жирално примил поголем износ на пари, кои потоа ги извадил во готово притоа задржувајки 10% за себе.Двајца од пријавените, во два наврати во месец мај и декември 2011 година, учествувале во поставувањето експлозивни направи под патничко возило „Сеат Леон“ и во непосредна близина на истото во канта за отпадоци, кое било паркирано во населбата „Јане Сандански“ на паркингот на бул.АВНОЈ, а во сопственост на лице од Скопје со кое биле во непријателски односи. Во првиот случај оштетениот ја забележал експлозивната направа, а во вториот случај била активирана од далечина и истиот бил потешко повреден. Во март годинава во Скопје, еден од осомничените имал намера со ловечка пушка да го лиши од живот истиот оштетен во моментот кога со соето возило го претекнувал, но од причина што не му се укажала згодна прилика, не успеал да ја оствари својата намера. Двајца од пријавените во моментот не се достапни и по нив се трага. Останатите 14 пријавени утринава беа изведени пред надлежен истражен судија. МВР продолжува со преземање на мерки за целосно расчистување на други кривични дела извршени од страна криминалната група. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово

Објавено пред

На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.

dobivaj vesti na viber

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад

Објавено пред

На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.

Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец

Објавено пред

На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.

dobivaj vesti na viber

Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија2 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура3 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија4 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија4 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија6 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија7 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет8 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет8 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет8 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа9 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија17 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет21 час

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет22 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...