Свет
ЕУ ги продолжи санкциите против Русија поради кибернапади
Советот на Европската Унија ги продолжи санкциите за Русија за една година, што, меѓу другото, влијае на руските граѓани и организации поради „учество во компјутерски криминал“.
„Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување на режимот на рестриктивни мерки поради кибернапади што им се закануваат на блокот и на нејзините земји членки за една година – до 18 мај 2022 година“, се наведува во соопштението.
За да биде одобрен списокот со санкции, потребна е едногласна поддршка од 27 земји на ЕУ. Во моментов, во рамките на режимот на санкции беа применети ограничувачки мерки против осум лица и четири организации.
Претходно, службата за надворешна политика на ЕУ предложи сегашниот режим на санкции на ЕУ да се зајакне со нови рестриктивни мерки поради кибернапади.
Исто така се предлага да се воведат вакви санкции со просто мнозинство со цел да се забрза процесот. Европската Унија воведе санкции во режимот на компјутерски криминал за првпат на 30 јули 2020 година, а на списокот се најдоа граѓани и организации од Русија, Кина и Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.