Македонија
Мицевски: Корекција на законот за клинички центар и средба со опозицијата, па потоа деблокада

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара средба со власта за законот за изградба на клинички центар и дотогаш најавува блокада во законодавниот дом.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, изјави дека неопходни се измени на законското решение.
„Законот за клинички центар ќе биде блокиран сè до моментот додека тој предлог на закон од 35 листови со коишто бараат да потрошат пола милијарда евра не го поправат и исправат и не седнат со опозицијата да разговараат за тоа. Да ве потсетам, во 2017 година министерот Филипче во оваа сала заедно со сите членови на Комисијата за здравство и сите пратенички групи, презентираше проект дека ќе почне да се гради клинички центар. Тоа беше во 2017 година. Ние сме на средината на 2021 година, ‘К’ нема од клинички центар“, рече Мицевски.
По основ на другите обвинувања за законските решенија, тој истакна дека Законот за служба во Армијата има одредени забелешки за коишто имало реакција од одредени групации на пензионирани офицери, а ВМРО-ДПМНЕ поднеле четири суштински амандмани коишто не се прифатени од владејачко мнозинство.
„Морам да напоменам дека таков ист закон, комплетно ист закон, со 4-те забелешки вметнати од наша страна е во собраниска процедура и, за жал, на денешната седница истата таа власт којашто нè обвинува за блокада, не го става овој закон како точка на дневен ред, а во неа се опфатени сите поволности коишто ги имаат и професионалните војници во однос на добивање одредени средства, некаде околу 1.000 евра по основ на година работен стаж во случај на пензионирање и неможност државата да им најде вработување на истите“, рече Мицевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) „Филипче е срам за Македонија, наместо да ја кодоши државата, треба да биде во линија со националните интереси“, вели Петрушевски

„Венко Филипче е срам за Македонија, наместо да биде во линија со националните интереси, тој по примерот на Зоран Заев оди и ги поткопува позициите на државата во Атина. Венко Филипче го користи секој свој јавен настап надвор за да ја кодоши државата и да ги руши нејзините позиции со лаги и измислици“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Што го тера Венко Филипче да ја пљука државата надвор? Дали Венко Филипче знае дека како опозиционер има обврска да биде во линија со националните интереси, или сепак не може да се надмине себе си, и струмичката политика на Заев, која се темели на предавства и коленичење?
Македонија под водство на ВМРО-ДПМНЕ во преден план ги има долгорочните интереси на нацијата и државата.
ЕУ е една од тие цели, но целта сама по себе не може да биде оправдување за лоши чекори за нејзина реализација.
ЕУ е местото каде природно припаѓаме, и таму мора да влеземе под јасни критериуми, а не со билатерални условувања, кои немаат врска со демократија, европски вредности и начела.
Филипче мора да разбере, дека покрај ЕУ, целта на државата и нацијата е да го зачува достоинството. Затоа кога следен пат ќе му текне да кодоши, нека се сети дека не му прави штета на ВМРО-ДПМНЕ, што всушност посакува, туку на идните генерации кои очекуваат одговорна политика од оваа генерација политичари, од кои и тој е дел“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Актуелното раководство се бори со катастрофата создадена од СДСМ во РЕК ‘Битола’ и во ‘Осломеј’“, реагираат од АД ЕСМ

„Катастрофата што СДСМ ја создаде во АД ЕСМ е најочигледна преку секојдневната борба на новото раководство да го одржи производството во Рударско-енергетските комбинати РЕК Битола и РЕК Осломеј. Актуелното раководство ја наследи компанијата во целосен колапс и за тоа ќе одговараат виновниците“, реагираат од АД ЕСМ.
„Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на недомаќинското и нестручното управување со производствените капацитети во изминатите години. Штетата нанесена на термоцентралите и рудниците за јаглен бара натчовечки напори за стабилизација и за жал, последиците од нивното неразумно владеење и деструкција ќе се чувствуваат уште некое време. Процесите на консолидација се комплексни и едноставно не можат да се реализираат за неколку месеци.
Зачудувачка е дрскоста на опозицијата што се осмелува да коментира за одржувањето на постројките, кога токму тие се одговорни за:
· Оставање на термокапацитетите без неопходни ремонти.
· Систематска негрижа за механизацијата и урнисување на рудниците преку хаотично копање надвор од рударските проекти.
· Празни депонии без јаглен.
· Неплански исцицан хидропотенцијал.
· Систематско полнење со партиски, нестручни кадри во сите сектори, подружници и ДООЕЛ-и, и за деформирани систематизации кои ја доведоа компанијата во финансиска и организациска бездна.
· Закупи на LNG терминал и прекугранични капацитети преку кои не е можно да се донесе ниту 1 грам гас до државата и за кои ќе претрпиме најмалку 50 милиони евра штета во наредните 15 години, за колку што нè врзале со штетни договори.
И за сето останато за кое се доставени или допрва ќе се достават сите наоди до соодветните институции за постапување.
Затоа, апелираме СДСМ да престане со шпекулации и со дрски обвинувања заради собирање евтини политички поени преку грбот на РЕК Битола и Осломеј“, се наведува во соопштението на АД ЕСМ.
Македонија
Лимани: Младите се во центарот на нашите политики, а инклузијата не е опција, туку потреба

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со заменик министерот, Ѓоко Велковски и претставници на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), ја посетија Националната младинска летна школа за социјална инклузија, која се одржува во Маврово.
Во своето обраќање пред присутните млади, министерот Лимани искажа задоволство од изразениот интерес на младите за учество на летната школа и благодарност до Амбасадата на Германија во земјава вклучително и ГИЗ за соработката.
„Вистинско задоволство е да бидеме пионери во креирањето на платформи за зајакнување на нашата младина. Ова е прво издание на Националната младинска летна школа за социјална инклузија, иницијатива која го носи силниот печат на нашето Министерство за социјална политика, демографија и млади. Прва Национална младинска летна школа за социјална инклузија — иницијатива која го носи духот на солидарноста, еднаквоста и визијата за поинклузивно општество,“ истакна Лимани.
Тој посочи дека школата не е само проект, туку симбол на нов почеток. Симбол на партнерство, на заедничка работа и на вистинска посветеност – и од институциите, и од младите.
„Денес испраќаме силна порака – дека младите се во центарот на нашите политики и дека инклузијата не е опција, туку потреба. Во едно здраво и праведно општество, никој не смее да биде оставен зад себе. Затоа сме тука: да ги слушнеме младите, да ги поддржиме, да ги охрабриме да бидат носители на промените што сакаме да ги видиме“, порача Лимани.
Тој се осврна на суштината на школата која претставува простор за учење, вмрежување, градење лидерски вештини, но и за развој на чувствителност и одговорност кон другите. Преку предавања, работилници и практични активности, спорт, младите имаат можност да ги развијат своите потенцијали и да станат гласници на социјалната правда во своите заедници.
„Како Министерство, остануваме посветени на креирање на инклузивни младински политики, заштита на ранливите групи и зајакнување на гласот на младите. Ова е само почеток – и верувам дека заедно, со поддршка од партнерите, ќе изградиме трајни решенија кои ќе ја направат нашата држава похумана, поправедна и поеднаква за сите“, порача Лимани.