Економија
(Видео) Трипуновски: Со продажбата на државното земјоделско земјиште Заев им ја дава земјата на олигарсите и странците со сомнителен капитал
Зоран Заев ја распродава Македонија. Со новиот предлог-закон земјоделското земјиште со коешто се овозможува продажба на државното земјоделско земјиште на домашни и странски лица ја остава државата без земја, а вистинските земјоделци кираџии, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.
„Според законот што го предлага Заев државното земјоделско земјиште ќе може да се купува по цена од едно евро за метар квадратен, и тоа за земјиште од 1 и 2 класа, земјиштето од 3 и 4 класа ќе биде со почетна цена од 0.5 евра, а земјиштето од 5 до 8 класа по цена од 0.2 евра за метар квадратен. Ова се почетни цени, кои може да бидат уште пониски доколку на првиот, вториот или третиот оглас никој не се јави за купување“, рече Трипуновски.
Според него, Заев буквално ќе овозможи најубавите парцели на земја, најплодната македонска почва да се распродава по багателни цени.
„Имено, со предложеното законско решение владата, односно министерството си дава за право со непосредна спогодба, и тоа во четири очи, да продава земјиште за стратешки цели по едно евро за м2. Замислете едно евро за метар квадратен на стратешки инвеститори“, истакна тој и додаде дека со законот власта става ограничување и за вистинските земјоделци коишто живеат од земјиштето.
Трипуновски објасни дека на продажба ќе бидат ставени големи површини за продажба, но кои се неекономски исплатливи за македонските земјоделци, бидејќи, како што вели, Заев со погубните политики изминативе години ги довел до просјачки стап.
Тој обвини дека целата земја ќе се земе од крупните олигарси и странци со сомнителен капитал, а вистинските земјоделци ќе бидат кираџии на сопствената земја во сопствената држава.
„Со овој закон Заев креира ситуација неколку луѓе моќници да можат да го приграбат целото земјоделско земјиште во Република Македонија. Па така земјиште ќе може да купат моќници со сомнителен капитал, но не и чесните земјоделци од Василево, Долнени, Лозово, односно македонските земјоделци“, рече Трипуновски.
Тој предупредува дека овој закон е штетен за иднината на државата, но и за иднината на македонските земјоделци и како партија бараат веднаш да биде повлечен од процедура.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)

