Спорт
Дисингер од Вардар 1961 се сели во Динамо Букурешт
Кристијан Дисингер, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Скопје и Вардар 1961. Германецот кариерата ќе ја продолжи во Динамо Букурешт. Со клубот романската престолнина, левиот бек потпишал двегодишен договор.
Кристијан Дисингер, иако во текот на својот престој во Скопје имаше проблеми со повредите, беше важен дел од тимот кој ја освои Лигата на шампионите во 2019 година. Со Вардар тој освои и две титули во домашното првенство, а пред неколку дена се радуваше и на освоениот Куп на Македонија.
На местото на Дисингер, во Вардар 1961, токму од Динамо Букурешет доаѓа Хрватот Анте Кудуз.
Фото/facebook.com/rkvardar
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Челси сака да го врати Конте на „Стенфорд Бриџ“
Фудбалскиот клуб Челзи сака да го врати Антонио Конте на „Стенфорд Бирџ“. Челси под водство на Маурисио Покетино од почетокот на сезоната игра по системот „топло-ладно“, се наоѓа на деветтото место и се очекува Аргентинецот да ја напушти клупата на крајот од сезоната.
Конте, го водеше Челзи од 2016 до 2018 година, ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2016/17, а една година подоцна го крена и трофејот наменет за најдобриот тим од ФА Купот.
Меѓу останатите клубови со кои раководи Конте, кој е поранешен селектор на Италија, се Јувентус, Интер и Тотенхем.
Тотенхем беше неговиот последен клуб во неговата тренерска кариера. Тој минатата година го напушти со заедничка согласност, откако ги нарече играчите себични, а клупските челници губитници.
„Ова е приказната за Тотенхем: Истиот сопственик е тука 20 години и тие никогаш не освоиле ништо. Зошто? Дали е виновен клубот или секој тренер кој работел овде во овој период?”
Ова е интересна информација, бидејќи италијанските медиуми пред две недели обајавија дека Конте се договорил со Наполи. Според овои извори тој договорил три годишна соработа, вредна 8.000.000 по сезона, а од Аурелио Де Лаурентис добил ветување дека тој ќе ја води клупската трансфер политика.
Спорт
(Видео) Ферари во азурно сина боја на ГН на Мајами
Шарл Леклер и Карлос Саинц, возачи на Ферари, на трката во Мајами ќе возат визуелно малку поинакви автомобили на италијанскиот производител.
Тие двајца ќе седат во автомобилот во азурно сини комбинезони, кои ќе имаат детали во иста нијанса.
Со ова ќе и се оддаде почит на „Скудерија“, со оглед на тоа што ова беше оригиналната боја на тој тим пред да се префрли на препознатливата црвена боја.
Автомобилот ќе има две нијанси, „Плата“ и „Дино“. Првата е поврзана со Алберто Аскари, светски шампион во 1952 и 1953 година, а втората со униформите на неколку возачи, меѓу кои Клеј Рагацони и Ники Лауда.
Во 1974 година, двајцата заедно се искачија на подиумот на Големата награда на Холандија. Тие униформи многу ги сакал и Енцо Ферари.
Ова не е Ферари на ваков начин да оддава почит. Пред две години во Монца имаа „Модена жолта“ на своите болиди, кога легендарната патека го прослави 100. роденден.
Спорт
Трабзон се договорил со Баришиќ, го чека и Лундстрам
Борна Баришиќ (31) на крајот од сезоната го напушта Глазгов Ренџерс и ќе потпише договор со Трабзонспор. Шкотските медиуми, турскиот новинар Емре Сел и италијанскиот инсајдер Лоренцо Лепоре пишуваат дека левиот бек хрватската репрезентација по шест години ќе го смени клубот.
Англиските медиуми пренесуваат дека Трабзонспор „ставил богати понуди на маса“ за Баришиќ и неговиот соиграч, англискиот играч за врска Џон Лундстрам (30), при што хрватскиот фудбалер прифатил.
Баришиќ наводно ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. На Лундстрам му бил понуден тригодишен договор, но тој се уште не го прифатил бидејќи е фокусиран на крајот на сезоната со Ренџерс.
Претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган не сакаше да го потврди договорот со Баришиќ и преговорите со Лундстрам, но истакна дека се надева дека наскоро ќе склучи неколку зделки.
Тренерот на Ренџерс, Филип Клемент изјави дека не сака фудбалерите во иднина да заминуваат без обесштетуање и го посочи Баришиќ чии договори истекува и тој како слободен играч ќе го напушти „Ајброкс“.
Баришиќ играше за БСК од Бијело Брдо, Динамо, Локомотива и Осиек, во 2018 година замина во Ренџерс во трансфер вреден 2.450.000 евра. Досега со шкотскиот гигант освои три трофеи.