Спорт
Хумелс и Милер за вратија во германскиот тим, отпадна Дракслер
Јоаким Лев го обајви со кои играчи ќе патува на ЕУРО 2020. Германија на континенталниот шампионат се наоѓа на „групата на смртта“ заедно со Франција, Португалија и Унгарија. Лев, во репрезентацијата ги врати искусните Томас Милер и Матс Хумелс.
Лев на новинарите им приреди три изненадувања, на ЕУРО 2020 ќе настапи тинејџерот од Баерн Минхен, Џамал Мусијала, односно левиот бек на Фрајбург, Кристијан Гинтер, кој доби место во националниот тим откако на Германците им пропадна обидот да го ангажираат Хрватот Борна Соса. Селекторот во репрезентацијата не го повика Јулијан Дракслер од ПСЖ.
Од претходно беше познато дека на Еп нема да настапат голманот Марк-Андре тер Штеген, кој мора да ја оперира тетивата и Марко Ројс кој побара одмор од напорната сезона.
Голмани: Берн Лено (Срсенал), Мануел Нојер (Баерн), Кевин Трап (Ајнтрахт)
Одбрама: Матс Хумелс (Дортмунд), Матијас Гинтер (Менхенгладбах), Робин Госенс (Аталанта), Марсел Хаслстенберг (Лајпциг), Лукас Клостерман (Лајпциг), Робин Кох (Лидс), Антонио Ридигер (Челси). Никлас Зиле (Баерн)
Среден ред: Емере Џан (Дортмунд), Леон Горецка (Баерн), Илкај Гундоган (Манчестер сити), Јонас Хофман (Менхенгладбах), Џошуа Кимих (Баерн), Тони Крос (Реал), Флоријан Нојхаус (Менхенгладбах)
Напад: Серж Гнабри (Баерн), Каи Хаверц (Челси), Томас Милер (Баерн), Џамал Мусиала (Баерн), Лерој Сане (Баерн), Кевин Фоланд (Монако), Тимо Вернер (Челси).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ленгле ќе паузира два месеци
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Клемент Ленгле, нема да игра два месеци поради повреда, објавува „Марка“.
Ленгле се повреди во средата, на натпреварот од Купот против Атлетико Балеарес (3:2), кога го напушти натпреварот по 10 минути.
Клубот од Мадрид не објави колку долго Ленгле ќе биде отсутен од теренот.
„Ленгле претрпе тешко истегнување на медијалниот колатерален лигамент без придружни повреди, што беше дијагностицирано од медицинскиот персонал на клубот по тестовите извршени врз дефанзивецот, кој беше подложен на магнетна резонанца и дополнителна евалуација во четвртокот. Неговата состојба ќе се следи за понатамошен развој на ситуацијата“, се наведува на веб-страницата на Атлетико.
Францускиот фудбалер одигра 12 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона.
Атлетико е на четвртото место на табелата во шпанското првенство со 34 бода, а во недела ќе гостува во Џирона во 17-то коло.
Спорт
Навивач на ПАО го удрил сопственикот на Хапоел
Панатинаикос, во дерито во Атина, синоќа го победи го победи Хапоел Тел Авив со 93:82, но натпреварот го засени инцидентот што се случи за време на паузата помеѓу двете полувремиња.
На полувремето, навивач на ПАО го удри, а потоа упати вербални закани до сопственикот на израелскиот клуб, Офер Јанај, кој се најде во многу непријатна ситуација.
Веднаш по натпреварот, атинскиот клуб се огласи и остро го осуди овој гест, и доживотно му забрани на неименуваниот навивач да присуствува на натпревари.
Како што беше објавено, на навивачот му бил конфискуван сезонскиот билет и доживотно му е забранет влез во арената „ОАКА“ каде што игра ПАО.
Клубот соопшти дека насилното и расистичкото однесување немаат место во салата на Панатинаикос, нагласувајќи нулта толеранција за инциденти што ја нарушуваат безбедноста и угледот на клубот.
Во многу возбудлив натпревар во Атина, видовме неколку серии и пресврти, но на крајот ПАО го зададе последниот удар на почетокот на четвртат четвртина, по што Хапоел немаше сили да се врати уште еднаш во натпреварот.
Најефикасен во тимот на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 19 поени, Чеди Осман помогна со 17, додека Јуцевен заврши со 11.
Во тимот на Хапоел се истакна Енис со 16 поени, Блекни и Брајант постигнаа по 14.
Спорт
(Видео) Јокиќ го скокна Џабар, испиша историја во НБА – Дончиќ со брилијантна партија и пресуди на Јута
Никола Јокиќ, испиша историја во НБА лигата, во победата на Денвер над Орландо 126:115, а Лука Дончиќ одигра спектакуларен меч во Солт Лејк Сити, каде Лејкерси ја победија Јута со 143:135.
Никола Јокиќ стана центарот со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата.
Србинот го заврши натпреварот со 23 поени (10/17 од поле), 11 скока и 13 асистенции за 35 минути на паркетот.
Со тие 13 успешни додавања, Јокиќ го престигна Карим Абдул Џабар на вечната листа на центри и сега е прв по тој параметар во историјата на лигата.
NEW NO. 1 ASSISTS LEADER 🔥
Nikola Jokic passed Kareem Abdul-Jabbar for most assists by a center in NBA history‼️ pic.twitter.com/IW0BSHczNZ
— ESPN Insights (@ESPNInsights) December 19, 2025
Џамал Мареј исто така одигра одлична натпревар, постигнува 32 поени.
На спротивната страна, Паоло Банкеро постигна трипл-дабл со 26 поени, 16 скока и 10 асистенции, но дури ни тоа не беше доволно против силните Нагетси.
Солт Лејк Сити сведочеше на брилијантна партија на Лука Дончиќ. Словенецот ги предводеше Лејкерси до победата со трипл-дабл. Дончиќ постигна 45 поени, со 14 асистенции и 11 скока, но и клучни поени за победата.
Во последниот дел, Словенецот погоди тројка речиси од центарот, со која Лејкерси ги скришија Џезерите, а потоа го решија натпреварот.
Дончиќ, помош доби од Леброн Џејмс, кој забележа 28 поени, 10 асистенции и седум скока.
Во тимот на Јута, Кајод Џорџ имаше 34 поени, додека Јусуф Нуркиќ додаде 15, со осум скока и седум асистенции.

