Македонија
Пендаровски: Лидерството бара храброст, носење одлуки, но и преземање одговорност
Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на дебата на тема „Лидерство во политиката, бизнисот и спортот: дали има заеднички именител?“, во организација на претседателскиот Центар за политичко образование и со поддршка од партнерската Фондација „МК 2025“.
Говорејќи за предизвиците од пандемијата на Ковид-19, Пендаровски потсети на периодот кога бевме единствена држава во Европа со распуштено Собрание и претседателскиот кабинет беше единствена функционална институција. Во тие моменти, посочи, мора да се разговара со многу луѓе и да се донесе одлука.
„Брзоплетоста е круцијална грешка. Мора да разговараш со многу луѓе, да имаш храброст за носење одлука и преземање одговорност. Треба да се слушаат оние што со аргументи најмногу те критикуваат“, рече претседателот Пендаровски нагласувајќи дека од овој период има лекции што мора да се научат. Во рамките на претседателскиот Центар за политичко образование направени се и неколку иницијативи за надминување одредени проблеми во функционирањето на системот.
„Ние имаме одлични закони во многу сфери, но слаба примена. Не е лидер човекот што се води исклучиво од рејтинзите. Политичар што се раководи од анкетите не е лидер. Со нетрпение го чекам денот кога младите нема да се грижат за тоа која политичка партија е на власт или кој е претседател на државата. Денот кога системот, едноставно, беспрекорно ќе функционира, без разлика кој е на власт“, рече претседателот Пендаровски.
Претседателот посочи дека ги почитува лидерите за кои зборуваат нивните дела, а не самите тие. На младите им порача своите одлуки да ги носат сами и да не потпаѓаат под влијанието на скапо платените политички пропаганди.
Денешната дебата е дел од обуката за лидерство, бизнис и претприемаштво со наслов „Проект ЛИДЕР“, која „МК 2025“ ја организира во соработка со школата Ivey Business School од Канада, на годишно ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

