Спорт
Кулушевски ја „спаси“ сезоната за Јуве – гол и асистенција за трофејот од Копа Италија

Јувентус на Андреа Пирло, катастрофалната сезона, сепак, ќе ја заврши со титула, откако во финалето на Копа Италија, предводени од голот и асистенцијата на Дејан Кулушевски, стигнаа до 2:1 победа над Аталанта на „Мапеи“ во Реџо Емилија.
Иако многу беше критикуван за потпросечната деби-сезона во Јуве, Швеѓанецот со македонско потекло, Кулушевски, несомнено беше ѕвездата на вечерашното финале. Во 31. минута од мечот, тој постигна фантастичен гол со „вртена“ топка за да ги донесе Јуве во водство, меѓутоа, Аталанта израмни преку одличниот Руслан Малиновски во 41. минута.
Клучниот момент дојде во 73. минута од мечот, кога Федерико Киеза и Кулушевски одиграа одлична двојна акција, по која Киеза успеа да го совлада Пјерлуиџи Голини.
Графика: Sofascorе за Топспорт.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ова се кандидатите за најдобар играч и менаџер на сезоната во Премиер лигата

Објавени се финалистите за наградата за најдобар играч и тренер на сезоната во Премиер лигата. Најмногу кандидати има новиот шампион Ливерпул.
Меѓу финалистите за наградата за најдобар играч во Премиер лигата за сезоната 2024/25, нема играчи од минатогодишниот шампион Манчестер Сити.
Фудбалерите на Ливерпул кои се финалисти за оваа награда се Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк и Рајан Гравенберг.
Седмопласираниот Нотингем Форест има двајца играчи меѓу финалистите: Морган Гибс-Вајт и Крис Вуд, додека преостанатите кандидати се напаѓачот на Њукасл, Александер Исак, играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, и Брајан Мбуемо од Брентфорд.
Финалисти за наградата за менаџер на годината во Премиер лигата за оваа сезона се Арне Слот (Ливерпул), Нуно Еспирито Санто (Нотингем Форест), Еди Хау (Њукасл), Томас Франк (Брентфорд) и Витор Переира (Вулверхемптон Вондерерс).
Гласовите на навивачите ќе се комбинираат со оние на фудбалските експерти за да се изберат победниците.
Минатата сезона лауреати беа Фил Фоден (најдобар играч) и Пеп Гвардиола (најдобар тренер).
Спорт
Варди в недела последен пат ќе го носи дресот на Лестер

Фудбалскиот клуб Лестер објави дека клупската легенда, Џејми Варди ќе го одигра својот последен натпревар за клубот во недела против Ипсвич.
Лестер ќе го пречека Ипсвич во недела од 16 часот во претпоследното, 37. коло од Премиер лигата.
Сезоната, Лестер ќе ја заврши на 25.мај на гостувањето кај Борнмут, но Варди нема да игра на тој натпревар.
Варди 13 години е во Лестер, а дуелот против Ипсвич ќе биде јубилеен 500. во дресот на „лисиците“. В недела ќе има шанса да го постигне својот 200. гол.
Лестер објави дека ќе одржи прослава пред и по натпреварот во чест на нивниот „најдобар играч на сите времиња“.
Џејми, кој минатиот месец објави дека ќе го напушти Лестер, нема да ја заврши кариерата, но сè уште не објавил во кој клуб ќе ја продолжи.
„Светот на фудбалот е луд, никогаш не знаете што ќе се случи. Ќе продолжам сè додека нозете не ми кажат да престанам. Нозете ми се во добра состојба. Го играм спортот што го сакам, го правам тоа уште од мал, па ајде да продолжиме така“, изјави Варди за „Скај Спортс“.
Англискиот напаѓач ја освои титулата во Премиер лигата со Лестер во сезоната 2015/16, во која беше избран и за најдобар играч во англиското првенство, а оваа сезона постигна девет гола на вкупно 35 натпревари.
Лестер веќе испадна од Премиер лигата и следната сезона ќе игра во Чемпионшип дивизијата.
Спорт
Тотенхем без петмина во финалето на Лига Европа

Тотенхем ќе биде значително ослабен во финалето на Лига Европа следната среда против Манчестер Јунајтед, објави менаџерот на тимот, Ангелос Постекоглу.
Австралиецот на прес-конференција објави дека повредените Лукас Бергвал, Џејмс Медисон, Тимо Вернер, Дејан Кулушевски и Раду Драгушин нема да конкурираат за натпреварот против „црвените ѓаволи“ во Билбао на 21 мај.
Финалето на Лига Европа е натпревар на годината за двата англиски гиганти, бидејќи победникот следната сезона ќе оди во Лигата на шампионите, додека поразениот финалист ќе остане без место во континенталните натпреварувања.
Натпреварот ќе се игра на 21 мај, со почеток во 21:00 часот, а Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека главен судија ќе биде Германецот Феликс Цвајер.