Македонија
Филипче: Граѓаните вакцинирани во странство сертификати за патување да бараат од тие земји
Македонците вакцинирани на меѓуграничнот премин со Бугарија кај Делчево потврда за примена вакцина и код за патување во кој ќе бидат внесени вакцините треба да бараат од бугарските здравствен власти. Од минатата недела на граничниот премин за вакцина доаѓаат Македонци за кои не е задолжително да имаат ПЦР-тест, не им се бара бугарски пасош, можат да закажат термин, но се вакцинираат и оние кои само дошле на пунктот, а можат и да избираат меѓу вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, која ја нема кај нас.
Министерот за здравство, Венко Филипче, денес одговарајќи на новинарско прашање, рече дека граѓаните вакцинирани во други земји треба да бараат документ за патување со код за примените вакцини од државата во која ја добиле вакцината.
„Секаде каде што се вакцинираат наши граѓани во други земји сертификат им се издава во тие земји поради тоа што мора да се стават точно сериите со коишто граѓаните се вакцинираат“, рече министерот Филипче.
Од следната недела Филипче извести дека ќе почне да се издава македонскиот „зелен пасош“, односно документот во кој ќе има „кју-ар“ (QR) код со податоци за датумите на кои се примени вакцините, производителот на вакцините, ќе стојат податоци за ПЦР-тест и податок за антитела како доказ за прележан ковид.
Сè уште нема најави во кои земји ќе биде дозволен влезот, а во кои нема да се признаваат вакцините со кои досега се вакцинира кај нас.
„Каква ќе биде политиката на земјите членки на ЕУ и на секоја земја поединечно во рамките на Унијата или земјите во светот е тешко да се каже. Има некои најави, но тие се менуваат. Нашиот ’грин пас’ ќе биде електронски и преку апликација ќе може да се симне на мобилен телефон. Ќе има кју-ар код за вакцина и ревакцина, за ПЦР-тестирање со тоа што ќе може овој податок да се надгради со секое следно тестирање и ќе има податок за антитела како доказ за прележана болест ако некоја земја го бара“, рече министерот Филипче.
Документот граѓаните од следната недела ќе можат да го побараат од матичните лекари и да го зачуваат на мобилните телефони.
Грција веќе се изјасни дека ќе дозволи влез и за граѓани кои примиле руска или кинеска вакцина, покрај оние на кои ќе им биде дозволен влез со негативен тест не постар од 7 часа. Во најголем дел од земјите во Европа, влезот на македонски граѓани е условен со ПЦР-тест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

