Македонија
Заев – Силвестри: Македонија ги заврши домашните обврски, на ред е ЕУ да вреднува
Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија во земјата.
На состанокот е изразена силна поддршка од Република Италија за европерспективите на нашата држава. Констатирано е дека Република Северна Македонија ги заврши своите домашни обврски и дека сега е на ред Европската Унија да ги вреднува постигнувањата на земјата.
„Продолжуваме со реформите дома, со силна посветеност кон функционална правна држава. Во однос на разговорите со нашиот сосед Република Бугарија, продолжуваме со конструктивноста во разговорите. Тоа што го соопштивме и во Брисел е дека прифаќаме да разговараме за сѐ, освен за тоа кои сме“, рече премиерот Заев.
На состанокот заеднички е изразена надеж дека со креативен пристап е можно одржување на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ за време на португалското претседателство. Како важна се толкува пораката што на овој начин ќе ја прати ЕУ до земјите од Западен Балкан – дека останува фокусирана на проширувањето.
На средбата е заеднички оценето дека функционален парламент е од полза за граѓаните и за напредокот на државата поради што е потребна конструктивност од сите политички субјекти.
Премиерот Заев изрази благодарност до Република Италија и до ЕУ за солидарноста за вакцините. Заеднички е констатирано дека солидарноста е еден од клучните начини за справување со последиците од пандемијата, што е во полза на сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

