Спорт
ЛШ: Нант и Лазаров издржаа во унгарската драма и влегоа на Ф4
Нант на македонскиот капитен и селектор, Кирил Лазаров, се приклучи на Пари Сен-Жермен и Алборг на Фајнал фор турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите откако во драматичен финиш успеаја да изддржат за 32:30 пораз од Веспрем во Унгарија, доволен за пласман на шоуто во Келн.
Нант имаа четири гола предност од првиот меч (33:29) и во текот на целиот меч не дозволија унгарскиот гигант да се доближи до посакуваната предност, почнувајќи со 2:5 водство, пред Унгарците на полувреме да имат три гола предност (18:15). Во финишот на мечот, во 52. минута, Веспрем стигна до три гола предност (31:28), но Нант со головите на Гурбиндо и Лазаров осигура пласман на францускиот клуб.
Лазаров заврши со четири гола за Нант, за кои најефикасен беше Давид Балагер со пет гола, додека кај Веспрем, Петар Ненадиќ имаше седум гола, додека Дејан Манасков постигна два гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Веспрем – Нант 32:30 (18:15), прв меч 28:32
Барселона – Мешков Брест 20.45 ч., прв меч 29:33
ВЧЕРА:
Пари Сен-Жермен – Кил 34:28 (16:15), прв меч 29:31
Флензбург – Алборг 33:29 (14:16), прв меч 21:26
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид
Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.
Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).
Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.
Спорт
(Видео) Барди погоди од слободен удар
Енис Барди постигна гол за Трабзон, но неговиот клуб доживеа пораз од Самсин 3:1.
Капитенот на македонската репрезентација, во 32.минута погоди од слободен удар, ја намали предноста на 2:1, но само четири минути подцна Фернандес со авто-гол го постави конечниот резултат.
На три кола до крајот на сезоната, Трабзон се наоѓа на третото место со 58 бода, четири повеќе од Бешикташ. Доколку остане на третото место, Трабзон наредната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.
👌🏻👌🏻👌🏻 Trabzonspor 🔥Enis Bardhi pic.twitter.com/hnuPvPkxks
— 61post (@61post) May 4, 2024
Спорт
Тежок пораз на МЗТ од Спартак во Суботица
Македонскиот шампион МЗТ Скопје и наредната сезона ќе се натпреварува во Втората АБА лига. МЗТ, вечерва доѓивеа убедлив пораз на гостувањето кај најдобриот тим во регуларниот дел од сеозната, Спартак Суботица.
МЗТ имаше мали шанси да го изненади фаворизираниот противник, кој во Скопје победи со пет поени разлика. Но ниту најголемите песимисти не очекуваа дека македонскиот шампион ќе доживее тежок пораз.
Спартак сите дилеми, ако воопшто и ги имаше, ги реши во првото полувреме. Екипата од Суботица реализираше 80 отсто од шутевите за три поени во првиот дел (8/10) и на пауза замина со резултат 57:32.
Вториот дел беше само одработување на започнатото за Спартак кој славеше со 98:64.
Спартак за место во АБА лигата ќе се бори со Војводина.