Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска ќе потроши 440 илјади евра за привремени вработувања во време на криза
Власта на Заев нема една набавка во која нема сомнеж за сериозна злоупотреба. Последен таков случај е набавката која ја направила новоименуваната заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, која набавувала компјутери по цена и од 2.400 евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„ Имено, УЈП набавува 100 компјутери по цена од 45.423 денари без ДДВ, 250 лаптопи по цена од 53 766 денари без ДДВ и 40 лаптопи по неверојатни 145.848 денари без ДДВ по парче. Или вкупно над 400 илјади евра ќе потроши Лукаревска во овој турнус набавки на компјутери во ек на економска криза.
Патем, истата таа Лукаревска склучила и дополнителен договор вреден 440 илјади евра со приватна агенција за вработување за само година дена, договор преку кој ќе бидат ангажирани 33 лица, иако во УЈП веќе се распоредени над 100 лица кои беа дел од „рамковните вработувања“.
Лукаревска, како и нејзиниот ментор Заев, е ставена во полн погон на неразумно трошење на народните пари во време кога 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, 60 илјади се новоневработени, а над 6.000 компании ставија клуч на врата поради кризата“, додаваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Минт инс“ и Болницата „Плодност“ со нова заедничка иницијатива: подарок за секое новороденче и сигурен почеток на иднината
Во време кога секое семејство бара сигурност и стабилност на свој начин, Минт Инс ја претставува својата најнова иницијатива посветена на најмалите и највредни членови на семејствата. Во партнерство со Болницата „Плодност“, компанијата им посветува посебно внимание на моментите кога започнува најважното животно патување: родителството.

Со секое новороденче во „Плодност“, Минт Инс ќе подари меко и квалитетно бебешко бањарче, создадено за првите топли и безгрижни семејни мигови. Но вистинската вредност доаѓа со можноста што следува: детско штедно осигурување кое обезбедува стабилен финансиски почеток.
Како дополнителна поддршка, компанијата овозможува и бонус од 12.000 денари за секое семејство што ќе се одлучи за ова осигурување, како иницијален чекор кон иднината на детето.


„Родителството е најголемата радост, но и најголемата одговорност. Веруваме дека секое дете заслужува сигурен почеток, а секое семејство поддршка во првите чекори. Нашата иницијатива е мал, но искрен придонес кон тоа,“ велат од Минт Инс.
Партнерството со „Плодност“ претставува продолжување на стремежот на компанијата да биде присутна таму каде што се создава нов живот и нови почетоци. Оваа програма ја нагласува визијата на Минт Инс: да стои зад секоја важна животна одлука, уште од првиот ден.


Повеќе информации за детското штедно осигурување и бонус-пакетот се достапни во сите претставништва на Минт Инс и на официјалната веб-страница.
(ПР)
Соопштенија
Паметно управување со трошоци – вашата кредитна стратегија
Во современиот живот, трошоците се секогаш присутни, од предвидливи сметки до непланирани и итни трошоци. Ова значи дека за многумина, користењето на кредит е неизбежно, а кога е избран и користен стратегиски, тој станува вашиот најголем сојузник.
Со вистинската кредитна стратегија можете да внесете ред во хаосот, да дишете полесно секој месец и конечно да почувствувате контрола врз вашите финансии. Паметно избраниот кредит може да донесе ред, јасност и предвидливост во вашиот финансиски живот. Носењето на вистинските одлуки денес создава големи финансиски придобивки утре.
Изберете го вистинското финансиско решение за вашите трошоци
Правилниот избор на кредит може да направи огромна разлика во начинот на кој ги распределувате месечните трошоци. Наместо да земете прв кредит што ќе го видите, важно е да размислите за што ви е потребен и каков тип на кредит најмногу ви одговара:
· Дали ви треба краткорочно решение за итен трошок?
· Дали ви е потребен кредит со пофлексибилен период на отплата за да го намалите месечниот товар?
· Или ви треба поддршка за да ги покриете сезонските трошоци, празнични купувања или непланирани обврски?
Со избор на кредит кој е усогласен со вашата реална финансиска ситуација, го намалувате ризикот од преголеми месечни обврски и полесно го контролирате буџетот.
Минт Кредит нуди различни модели на кредити креирани да одговараат на различни профили на корисници, со јасни услови и брза апликација со одговор од само 10 минути. Кога кредитот е вистинскиот за вас, тој не станува товар туку алатка.
Консолидирајте постоечки долгови
Ако имате повеќе кредити со различни каматни стапки и услови, тоа може да предизвика хаос во буџетот и да го зголеми месечниот финансиски притисок. Токму тука кредитот за рефинансирање може да ви помогне да ги консолидирате вашите долгови.
Консолидирање на долгови значи да ги споите сите постоечки кредити во еден со поповолни услови и подолг рок на отплата. На овој начин, постои можност месечната рата да се намали, а управувањето со обврските станува поедноставно.
Ризикот од доцнење на плаќања се сведува на минимум, а вие го оптимизирате месечниот буџет.
Планирајте го вашиот буџет и отплата
Без јасен план, дури и најповолниот кредит може да стане тешка финансиска обврска.
· Изработете месечен буџет каде што ќе ги пресметате сите приходи и расходи.
· Проверете колку реално можете да отплаќате секој месец без да се оптеретите.
· Навремена отплата на кредитот, со што ќе избегнете дополнителни трошоци.
Со вакво планирање, кредитот станува алатка за финансиска стабилност, а не извор на стрес и непредвидливи трошоци.
Користете краткорочни кредити за итни потреби
Не сите кредити се исти. Доколку имате непредвидени трошоци, тогаш краткорочните кредити се идеални за таквите итни и непланирани потреби. На пример, како неочекуван проблем со вашиот автомобил или здравствени трошоци.
Едно од најдобрите краткорочни решенија за итни трошоци е безкаматниот аванс до плата. Предноста на овие кредити е што често имаат пониска камата за краток период или се безкаматни како нашиот аванс до плата. Со правилна стратегија може да помогнат да ги намалите вкупните месечни трошоци.
Најважното да се запамети е умереноста. Користете краткорочни кредити само кога е навистина потребно. Минт Кредит овозможува флексибилни финансиски решенија со транспарентни услови.
Финансиска едукација и свест
Уште еден добар начин да ги намалите трошоците е да станете финансиски писмени.
· Читајте и учете континуирано за светот на финансиите.
· Разбирање на основните финансиски поими како камата, услови за предвремена отплата и буџетирање ќе ви помогне при носењето на информирани одлуки.
· Финансиски писмен човек лесно препознава кога едно кредитно решение одговара на неговите потреби, а кога само би го зголемило месечниот притисок. На Минт Кредит постојано нудиме едукативни содржини и совети за клиентите, со цел секој да може да користи кредити одговорно и со доверба.
Минт Кредит – паметниот избор носи паметни резултати
Со вистинската кредитна стратегија, можете успешно да управувате со трошоците, да ја оптимизирате финансиската состојба и да создадете простор за заштеда или други инвестиции.
Со Минт Кредит, имате партнер кој нуди кредити со транспарентни услови, флексибилни решенија и поддршка за паметно управување со вашите финансии. Аплицирајте за финансиско решение кое ви помага да управувате со вашите трошоци паметно.
Доколку ви треба помош при изборот на вистинското кредитно решение посетете некоја од нашите филијали ширум земјата или контактирајте не на 15 107. Нашиот тим ќе ви помогне во изборот на кредит спрема вашите потреби и можности.
(ПР)
Соопштенија
„Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ донираа опрема на ЈЗУ Институт за физикална медицина и рехабилитација
Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со уште една донација. Oвој пат се работи за мултифинкционални маси за вежбање на рацете, наменети за Институтот за физикална медицина и рехабилитација, институција посветена на подобрување на квалитетот на животот кај пациентите на кои им е потребна физичка рехабилитација и услуги за долгорочно закрепнување. Намената на овие маси е да се подобри опсегот на движење на зглобовите на рацете, мускулната сила и издржливост, функцијата на раката и координацијата рака-око, проприоцепцијата на раката може ефикасно да се подобри и може да се промовира интеракцијата помеѓу различните мускулни групи на раката.

Донираната опрема е насочена кон подобрување на удобноста, безбедноста и резултатите од третманот на пациентите. Овој придонес директно ќе им користи на напорите на центарот да го прошири својот капацитет и да обезбеди подобренa грижа за лицата кои се подложени на рехабилитација. Опремата има голем опсег на примена и тоа при невролошка рехабилитација, ортопедска рехабилитација, детска рехабилитација, рехабилитација за лица со попреченост, геријатриска рехабилитација, рехабилитација по спортска медицина, ментална рехабилитација итн. Први кои што имаа можност да ги користат овие мултифункционални маси беа дел од лицата кои беа повредени во пожарот во Кочани.
„Ние сме посветени на поддршка на здравствените институции кои обезбедуваат услуги што го менуваат животот во нашата заедница. Со оваа донација наменета за Институтот за физикална медицина и рехабилитација се надеваме дека ќе придонесеме кон нивната мисија и ќе им помогнеме повеќе пациенти да добијат квалитетната грижа.“, истакна Бранка Џајковска од Фондацијата д-р Верица Механџиска.

Директорот на Институтот за физикална медицина и рехабилитација д-р Злате Мехмедовиќ изрази благодарност за донацијата, нагласувајќи го влијанието што ќе го има и врз пациентите и врз медицинскиот персонал. Д-р Мехмедовиќ истакна и дека оваа институција третира 20 000 пациенти годишно, а реалната бројка на пациенти кои имаат потреба од нивните услуги е многу поголема. Благодарение на донациите од овој тип, поголем број на пациенти ќе имаат можност да ја добијат потребната помош побрзо и поефикасно.
Беше нагласена и важноста од општествена одговорност на компаниите и влијанието што го има врз развојот на здравствениот систем.
Оваа иницијатива ја одразува континуираната посветеност на Зегин за зајакнување на здравствената инфраструктура и постојаната поддршка на заедницата.
(ПР)

