Македонија
Бугарски медиуми: Португалското претседателство ги повторува старите предлози за Северна Македонија
Предлозите на португалското претседателство не се прифатливи за бугарската страна, реагираат дел од бугарските медиуми во однос на португалскиот предлог-план за деблокирање на бугарското вето за преговорите на Македонија со ЕУ.
Бугарската новинска агенција БГНЕС оценува дека во суштина станува збор за план што го враќа разговорот речиси една година наназад, односно за модификација на предлогот за кој се разговараше лани во Берлин.
„За разлика од пристапните преговори, во рамките на ПСА Бугарија е лишена од можноста за реагирање ако РСМ повторно не ги исполни своите обврски. Од документот станува јасно дека властите во Скопје мора да подготват патоказ, чие исполнување треба да се следи во рамките на ПСА, но тој има апсолутно козметички и неоперативен карактер. Во последните 4 години, PCM многукратно создаваше програмски документи, кои потоа демонстративно и арогантно не ги спроведуваше“, пишува БГНЕС, пренесе „Дојче веле“.

Еден од предлозите во португалскиот документ бил „РСМ да признае дека македонскиот јазик бил кодифициран во 1945 година“.
Предлогот во Софија беше презентиран од страна на Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја која претседава со Советот на ЕУ, и еврoкомесарот за проширување Оливер Вархеји. Техничкиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев по средбата со нив изјави дека не може да се очекува промена во националната позиција на Бугарија во однос на Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

