Македонија
Захариева: Без црн ПР и со позитивно размислување Северна Македонија ќе постигне многу повеќе
Уверена сум дека со позитивно размислување и без црн ПР, Република Северна Македонија ќе постигне многу повеќе за да покаже дека ги прифаќа европските вредности и добрососедството. Ова го истакна поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
И таа денеска оставри средба со комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеј, кој утрово се наоѓа во посета на Софија, по што е предвидено да пристигне во Скопје.
Захариева состанокот го оцени како плоден, а за Вархеји рече дека тој е еден од двигателите на проширувањето на Европската Унија и голем пријател на Бугарија, кој целосно ја разбира нивната посветеност кон Западен Балкан.
Захариева вели дека Бугарија е загрижена за тоа земјите кандидати да се приклучат кон европското семејство како нереформирани, а во однос на односите со Македонија вели дека тие никогаш не ја повлекле подадената рака.
Претходно со Вархеји се сретна и со експремиерот на Бугарија, Бојко Борисов како и техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев.
Стоев по средбата со Вархеји и министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Сантос Силва ги отфрли надежите, коментирајќи дека не може да се очекува промена во националната позиција на Бугарија во однос на Северна Македонија.
Предлогот на португалското претседателство за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, во Софија беше презентиран од страна на Силва и Вархеји. Бугарската новинска агенција БГНЕС претходно оцени дека во суштина станува збор за план што го враќа разговорот речиси една година наназад, односно за модификација на предлогот за кој се разговарало лани во Берлин, а таквиот предлог за Бугарија не е прифатлив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

