Спорт
Атлетико ја преживеа „Сориља“ – Суарез ги однесе до 11 шампионска титула

Атлетико Мадрид ја освои титула во Ла Лига. Во лудо и неизвесно коло, Атлетико со пресврт славеше во Ваљадолид, Реал во последните минути го победи Виљареал. Заедно со овие два тима во Лигата на шампионите одат Барселона и Севилја.
Во Лига Европа се пласираа Реал Сосиедад и Бетис, а Виљареал во Конференциската лига. Од лигата испаднаа Еибар, Ваљадолид и Уеска.
Атлетико и Реал по првиот дел губеа од Ваљадолид односно Виљареал. Оскар Плано го шокираше Атлетико во 18 минута, а речиси во итата минува Пина постигна гол за Виљареал против Реал.
Атлетико во вториот дел направија пресврт со головите на Анхел Кореа во 57. и херојот Луис Суарез во 67.минута.
На крајот и Реал победи со головите на Бензема во 88. и Модриќ во 92.минута.
Најголеми губитници во последното коло се играчите на Уеска, не успеаја да ја победат Валенсија (0:0), поради што во лигата остана Елче бидејќи слвеше. над Атлетик Билбао 2:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алаба повторно се повреди

Давид Алаба (32), вториот најплатен играч на Реал Мадрид, повторно е надвор од терените. Клубот објави дека австрискиот репрезентативец претрпел повреда на мускулот на левата нога и ќе биде надвор од терените три недели, односно до крајот на Светското клупско првенство.
Алаба имаше операција на менискусот во април, а новата повреда доаѓа веднаш по неговото закрепнување од сериозната повреда на лигаментите на коленото минатата сезона.
Ова е неговиот 118-ми натпревар што ќе го пропушти за Реал Мадрид поради здравствени проблеми, што е блиску до бројот на пропуштени натпревари во текот на неговите 11 години во Баерн (122 натпревари).
Тој одигра само 14 натпревари (599 минути) оваа сезона, а пред неговата последна повреда веќе имаше проблеми со тетивата и го пропушти почетокот на сезоната во 2023 година.
Алаба заработува 22,5 милиони евра годишно, веднаш зад Мбапе (31,25 милиони). Долго време беше најплатен дефанзивец во Европа, неодмна неговиот рекорд го надмина Вирџил Ван Дајк, кога потпиша нов договор со Ливерпул.
Спорт
Лион ја потврди финансиската стабилност пред УЕФА, можно е да остане во Лига 1

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион објави дека успешно ја завршил постапката за финансиска ревизија со УЕФА, што му овозможува да учествува во Лига Европа следната сезона, под услов да остане во Лига 1.
Веста доаѓа само неколку дена откако Лион беше административно исфрлен во Лига 2 од страна на француското тело за финансиска контрола на клубовите (ДНЦГ) поради несогласувања во врска со буџетот. Клубот објави дека ќе се жали на одлуката.
Во соопштението, Лион изјави дека потпишал договор со ДНЦГ на УЕФА, но дека играњето во Лига Европа ќе зависи од „поволен исход од жалбената постапка“ против одлуката на ДНЦГ.
УЕФА отвори надзорна постапка против Лион во ноември откако ДНЦГ привремено одлучи да го деградира клубот, што сега е потврдено во исчекување на жалба.
Во мај, УЕФА го казни Лион со 200.000 евра за неплатени долгови кон други клубови, вработени и институции за даноци и социјално осигурување. Ова беше највисоката казна изречена на клуб во тој регулаторен циклус.
Лион, соопшти дека сè уште не добил официјална документација за одлуката на ДНЦГ, што е потребно за формално поднесување жалба. Клубот ќе има седум дена од датумот на приемот на документот да поднесе жалба.
Спорт
Алисон нема намера да го напушта „Енфилд“

Голманот Алисон Бекер нема намера да го напути „Енфилд“. Бразилецот повторно одбил профитабилен трансфер, тврди италијанскиот новинар и инсајдер Николас Шира.
Овој пат понудата дошла од клуб од Саудиска Арабија, но како и со претходниот интерес на Галатасарај, Бразилецот одлучил да остане во Ливерпул. Тој има намера да го одработи договорот што важи до летото 2027 година.
Во сезоната 2024/25, тој одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, на 13 од нив не прими гол. Со Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата.