Спорт
Мерцедес се заканија со протест во Баку за крилото на Ред бул

Шефот на Мерцедес, Тото Волф најави дека неговиот тим најверојатно ќе вложи официјален протест против болидите на Ред бул на трката во Азербејџан доколку ФИА не го санкционира австрискиот тим за подвижното задно крило.
ФИА веќе издаде техничка директива за менување на правилата за задното крило, но таа влегува на сила на 15 јуни, што значи дека тимовите ќе можат да се тркаат со вакви крила и на трката во Баку, каде што има еден од најдолгите рамни делови и придобивката на Ред бул може да биде огромна.
„Мислам дека ако тие крила се на болидите во Баку ќе има огромна предност и ќе одиме кај стјуардите. Ако тоа не е доволно ќе одиме до Интернационалниот апелационен суд на ФИА. Затоа, ФИА мора да ги разјасни работите пред трката во Баку, за да нема хаос“, изјави Волф по трката во Монако, каде што со победата Макс Ферстапен го презеде водството во генерален пласман кај возачи, а Ред бул кај конструктори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Поради платата никој не го сака Санчо

Џејдон Санчо дефинитивно нема да остане во Манчестер јунајтед, но сепак, тој е во големи проблеми да најде нов клуб.
Имено, интерес постои од бројни клубови, но речиси сите се откажаа од преговорите поради неговата голема плата.
Санчо ја помина претходната сезона на позајмица во Челзи и играше неконзистентно. Се врати во Манчестер, но јасно е дека нема да се задржи на „Олд Трафорд“.
Фенербахче отвори преговори со Санчо, но брзо ги затвори. Причината е превисоката плата што ја бара поранешниот англиски репрезентативец. Ова не е првиот клуб што го одби Санчо поради мегаломанските барања.
Во својата кариера, англискиот репрезентативец играше за Борусија Дортмунд, Манчестер јунајтед и Челзи.
Спорт
Мал е интересот за натпреварите на клупскиот Мундијал

Групната фаза на Светското клупско првенство на ФИФА ја обележа малата посетеност на стадионите низ САД. Капацитетите на стадионите, на ки се играат натпреварите (вкупно 48 во фазата по групи) биле исполнети 56,7 проценти.
На некои натпревари, како оние во Орландо, присуствуваа само 3.412 и 6.730 гледачи, а сличен случај беше и со Синсинати (5.282 и 8.239 гледачи).
Според податоците од ФИФА, вкупната посетеност била 1,67 милиони, од можни 2,95 милиони, што дава просек од 34.759 гледачи по натпревар.
Стадионот во „Ист Радерфорд“ во Њу Џерси, каде што ќе се игра финалето на Светското првенство следната година, беше полн само 44,9 проценти, додека половично бил исполнет капацитетот на стадионот во Пасадена, Калифорнија, кој беше домаќин на финалето на Светското првенство во 1994 година.
ФИФА во соопштението наведува дека голем број навивачи од 168 земји купиле билети, „што јасно зборува за глобалната важност на настанот“.
Нокаут фазата на Светското клупско првенство започнува вечерва во 18 часот, кога бразилските екипи Палмеирас и Ботафого ќе се сретнат на стадионот во Филаделфија.
Девет екипи од Европа се квалификуваа за осминафиналето, четири од Бразил и по еден од МЛС (Американска професионална лига), Мексико и Саудиска Арабија.
Спорт
Алаба повторно се повреди

Давид Алаба (32), вториот најплатен играч на Реал Мадрид, повторно е надвор од терените. Клубот објави дека австрискиот репрезентативец претрпел повреда на мускулот на левата нога и ќе биде надвор од терените три недели, односно до крајот на Светското клупско првенство.
Алаба имаше операција на менискусот во април, а новата повреда доаѓа веднаш по неговото закрепнување од сериозната повреда на лигаментите на коленото минатата сезона.
Ова е неговиот 118-ми натпревар што ќе го пропушти за Реал Мадрид поради здравствени проблеми, што е блиску до бројот на пропуштени натпревари во текот на неговите 11 години во Баерн (122 натпревари).
Тој одигра само 14 натпревари (599 минути) оваа сезона, а пред неговата последна повреда веќе имаше проблеми со тетивата и го пропушти почетокот на сезоната во 2023 година.
Алаба заработува 22,5 милиони евра годишно, веднаш зад Мбапе (31,25 милиони). Долго време беше најплатен дефанзивец во Европа, неодмна неговиот рекорд го надмина Вирџил Ван Дајк, кога потпиша нов договор со Ливерпул.